Дали правилно ги користите средствата за дезинфекција?

Најчести грешки

Од почетокот на кризата со коронавирусот, редовната хигиена на рацете е едно од клучните средства за спречување на ширењето на вирусот. Најефективниот начин да се отстранат сите видови микроби е темелно да се миеме со сапун и вода, но кога сме надвор и тие не ни се достапни, соодветни се и санитарни средства засновани на алкохол.

Ако треба да ги миете рацете после јадење или спортување, темелно измијте ги со сапун и вода, затоа што ако на нив имате прашина или маснотија, спрејот за дезинфекција нема да ви помогне. „Дезинфекција не може ефикасно да навлезе во површината на раката ако има нечистотија на еден дел од неа. Чистењето на рацете, како што правиме при миење, е поефикасно бидејќи со механичко дејство ги отстранува бактериите“, вели Мекини.

Добро е да се разбере правилната употреба на средства за дезинфекција на рацете како ефикасен начин за забавување на потенцијалното ширење на коронавирусот, но ова не треба да биде единствената превентивна мерка што ја преземаме. „Луѓето мислат дека дезинфекцијата за раце е разумна замена за миење на рацете, но дефинитивно не е. Миењето раце е далеку најдоброто нешто“, вели Мекини.

Треба да се води сметка и за чување средства за дезинфекција на раце. Русо предупредува дека треба да се чуваат подалеку од деца и наведува зголемување на бројот на случаи на труење како резултат на голтање. Се смета дека Ковид-19 првенствено се шири со респираторни капки, така што не смееме да ја заборавиме важноста на носење маска. „Ако треба да одберам само едно, ќе одберам маска и ќе ги оставам рацете да се извалкаат“, рече Русо.

Прочитајте и: Еве како да ги излечите белите дробови по коронавирус: Овој лек е спас за измаченото тело!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.