Докторите убедени: Еве кога ќе заврши вториот бран на коронавирус!

Мислење на експерти

Фото: Илустрација

Докторите нагласуваат дека исклучително важно е сите да се придржуваме до правилото за носење маски

Докторите сметаат дека малку прерано се ослободивме, бидејќи многу земји изјавија дека ја победиле короната, но, за жал, тоа не било така.

„Мора уште малку да внимаваме. Убедени сме дека ова не може да трае две години, пет. Мора да заврши. Ние ќе стекнеме имунитет, но треба уште малку да се стрпиме. Ако во наредните две-три недели се стрпиме малку и сите ги почитуваме мерките, сметаме дека епидемијата ќе спласне“, откриле докторите.

Тие додале дека не им на сите лесно да носат маски, но многу е важно сите да бидат дисциплинирани по ова прашање.

„Се покажа дека ковид-19 предизвикува системска реакција. Тоа не е само температура, доведува до септички шокови, доведува до реакции што личат на анафилактички шокови, како да имате алергиски шок. Овој вирус се разликува од другите токму по овие системски реакции“, објасниле докторите.

Тврдење на пулмолог: Коронавирусот е најопасен по живот за овие 5 групи на луѓе
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.