Еве како да ги излечите белите дробови по коронавирус: Овој лек е спас за измаченото тело!

Народен лек

Фото: Getty Images

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето кои страдаат од белодробни болести се советуваат да поминуваат време во борова шума?

Тоа е така затоа што четинарите содржат есенцијални масла – природни дезинфекциски средства. Кога ќе се вдишат овие масла, слузта брзо се ослободува од дишните патишта.

Кога вирус или бактерија ќе влезат во организмот, количината на плунка значително се зголемува, па постои потреба за прочистување на дишните патишта. Тоа најчесто се прави со производи на база на смрекови изданки или борово млеко.

Чајот од изданки од смрека овозможува:
  • Дезинфекција на бронхиите
  • Ги ослободува белите дробови и го подобрува снабдувањето со кислород

Приготвување:

Потребни ви се млади изданки од смрекови иглички кои се меки и имаат светло зелена боја. За да направите инфузија, потребни ви се најмалку 3 кг од овие изданки. Измијте ги изданките и ставете ги во стаклена тегла, наизменично редејќи слој изданки, слој шеќер.

Наполнете ја теглата до врв, а потоа поклопете ја и оставете ја во фрижидер. По 3 недели игличките ќе пуштат сок и теглата ќе се наполни со зелена, миризлива течност. Исцедете ја течноста, а потоа ставете ја во друга тегла и чувајте ја во фрижидер.

Три пати дневно земајте по една лажичка. Не морате да го земате лекот на празен стомак. Кога ќе ја испиете целата смеса, можете да сметате дека чистењето на белите дробови е сосема завршено. Се препорачува овој лек да се користи еднаш годишно.

Борово млеко за прочистување на белите дробови

Употребата на борово млеко за прочистување на дишните патишта е особено корисна за пушачите и за оние кои често страдаат од бронхитис или воспаление на белите дробови. Правењето борово млеко не е воопшто тешко:

1. Земете три млади шишарки (зелени) и добро измијте ги под млаз вода

2. Ставете сад на рингла, додајте малку борова смола (кафена лажица)

3. Додајте ги младите шишарки

4. Сипете чаша млеко и оставете го да зоврие

5. Кога ќе зоврие, сипете го млекото во термос-чаша и оставете го да отстои 3 до 4 часа, добро поклопено.

6. Процедете го низ газа или ситно сито.

Добиеното борово млеко треба да го пиете два пати дневно (наутро, на празен стомак и навечер пред спиење) и тоа поделете една чаша од добиеното млеко. Наредните два дена, со истата постапка приготвувате уште две дози од ова млеко. По три дена, направете пауза, па повторно повторете го земањето на лекот 3 дена.

Пијте борово млеко еден месец со паузи од 3 дена.

Боровото млеко е здрав производ, содржи есенцијални масла што ги штитат дишните патишта од вируси и бактерии. Смолата дејствува како лепило што ја собира слузта и брзо ја исфрла од белите дробови.

Тврдење на пулмолог: Коронавирусот е најопасен по живот за овие 5 групи на луѓе
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.