Чајот од оваа блика е чисто злато: Го регулира нивото на шеќер во крвта, го зајакнува имунитетот, изобилува со витамини!

Лековити билки

Задолжително пијте по една шолја од оваа напивка дневно

Копривата е богата со витамини, минерали и лековити материи. оваа билка е богата со калциум, фосфор, железо и силикатна киселина. Во билката има витамини К, Б2 и пантенонска киселина, па се смета за природен мултивитамин кој го погодува целото тело и го зајакнува имунитетот.

Листот од коприва може да ги олесни ревматичните тегоби и значително ја намалува болката при движењето.

Се пропишува за внатрешна употреба како диуретик, бидејќи може да го зголеми отстранувањето на натриум и мочна киселина.

Исто така, лабораториски истражувања спроведени во Германија во 1999 година покажале дека листовите од коприва имаат силен противвоспалителен ефект. Копривата дејствува против дијареја и помага кај хемороидите. Чајот се користи за прочистување на мочните патишта, но и превентивно против создавање камен во бубрег.

Се покажало дека чајот од коприва може да го снижи нивото на шеќер во крвта, па често се препорачува за дијабетичари. Исто така, го снабдува телото со железо, па поволно им влијае на луѓето кои страдаат од анемија.

Со надворешна употреба копривата се користи за лекување акни, егзема, масна кожа и првут.

Берење коприва

За јадење се користат проварени листови и врвови од младата билка кои се берат од крајот на февруари до мај, а понекогаш можат повторно да се најдат во есенските месеци. Со ракавици треба да се откинат нежните врвови на билката со четири до шест листа, на местото каде што стебленцето сè уште е меко. Коренот се бере наесен и напролет, а потоа се користи свеж или се суши.

Приготвување чај од коприва

Состојки:

  • 2 лажички листови од коприва
  • 250 мл вода

Приготвување:

Свежи или суви листови коприва прелејте ги со врела вода, оставете ги да стојат поклопени 10 минути, па процедете ги.

Примена:

Пијте по една шолја секој ден ако имате ревматични болки, замор, слабокрвност или недостиг на апетит.

6 причини зошто да наберете коприва и да направите лековито масло: Лечи анемија, артритис, ги израмнува брчките!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.