Сите ги правите овие 5 грешки кога приготвувате палачинки: Еве зошто ви излегуваат жилави и тврди!

Одбегнувајте ги!

Ретки се вистинските мајстори кои можат да направат совршени палачинки

Палачинките се омилениот десерт на многумина, но голем проблем кај нивното приготвување се одредени грешки поради кои палачинките не ви успеваат или уште полошо, ви стануваат жилави.

Не ги мешате одвоено сувите и течните состојки

Главното правило кај правењето палачинки и добро да ги измешате сувите состојки во еден сад, пред да ги додадете течните состојки. Течните состојки, исто така, треба добро да ги измешате пред да се соединат со сувите состојки. Така ќе добиете изедначено тесто и ќе го намалите ризикот од претерано мешање.

Претерано го мешате тестото

Тајната на воздушестите палачинки е во тоа да не ја мешате премногу смесата. Луѓето грешат кога предолго го мешаат тестото мислејќи дека така ќе исчезнат грутките, а така всушност ќе добиете жилави палачинки.

Веднаш ги правите палачинките откако ќе ја приготвите смесата

Кога ќе го изматите тестото за палачинки, тоа треба да отстои најмалку 20 минути. Уште подобра варијанта е ако ги оставите 30-45 минути. Готвачор Моназ Думасија објаснил дека „одморањето“ овозможува глутенот во брашното да се опушти, а зрната скроб да набабрат, што значи дека поверојатно е на крај палачинките да бидат воздушести и лесни.

Ги печете на погрешна температура

Ако ги печете на превисока температура, палачинките или ќе ви изгорат на рабовите или на средина ќе останат живи, а понекогаш и едното и другото. Ако температурата е прениска, додека ја испечете последната палачинка, преостанатите веќе ќе се оладат. Крис О’Нил, готвач, вели дека никогаш не смеете да ставате смеса за палачинки на ладно тавче. Загрејте го тавчето на умерен оган околу три минути пред да ја ставите смесата.

Погрешно ги вртите палачинките

Доктор Гери Тунгејт, професор по физика на Универзитетот во Бирмингем, смислил научен пристап на совршено вртење палачинки. Своето откритие го базира на проучување палачинки од 50 г во текот на кое собрал бројни варијабли, како што се кинетичка енергија, гравитација, брзина и моментот на вртење.

Најдобар резултат се постигнува со вртење на зглобот така што тавчето треба да се движи нагоре. Тоа доведува до лизгање на палачинките нагоре и надвор од садот, додека со подигнувањето на раката во која останало тавчето се создава делумен вакуум под палачинката, која би се задржала во тавчето.

Со оваа тајна состојка палачинките ќе ви бидат меки и проѕирни: Рецепт кој ќе го обожавате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.