6 причини зошто да наберете коприва и да направите лековито масло: Лечи анемија, артритис, ги израмнува брчките!

Народна медицина

Нема подобар природен лек од млада коприва

Копривата е богата со витамини А, Б2, Ц, Д и К и содржи хранливи состојки, како што се антиоксиданси, аминокиселини и хлорофил. Исто така, таа е добар извор на калциум, калиум, јод, манган и железо.

Доколку имате какви било проблеми со мокрење, камен во бубрег, проблеми со зглобовите, копривата ќе ви помогне во тоа.

Освен тоа, копривата има противвоспалително, аналгетско, антиревматично, антиконвулзивно и хипотензично својство.

Една шолја коприва содржи импресивни 1.790 витамини А, што е три пати повеќе од препорачаната дневна доза.

Чајот од коприва ќе ги намали симптомите на алергија, грозница, ќе го излечи пролетниот умор и ќе ја прочисти крвта.

Берење коприва:

Кога ќе сакате да берете коприва, задолжително на рацете ставете заштитни ракавици. Потоа, со остар нож или ножици пресечете ги врвовите на младата коприва. Набраната коприва ставајте ја во чинија или чанта. Доколку копривата ве изгори, градинарите предлагаат на кожата да нанесете паста од сода бикарбона и вода. По неколку минути, болката предизвикана од берење коприва ќе исчезне.

Јадења од коприва

Пред да приготвувате коприва, неопходно е да ја прелиете со врела вода за да престане да пече. Потоа, се приготвува според рецептот.

Ви предлагаме три прекрасни идеи како да ја искористите младата коприва, да го освежите вашето мени и да си го подобрите здравјето…

Чај како лек

Најдобриот начин да направите чај од коприва е навечер да ја потопите копривата во тегла со врела вода. Оставете ја да се олади, а потоа ставете ја теглата во фрижидер до утредента.

Изутрината, исцедете го чајот и пијте го кога сакате. Доколку сакате, можете да ставите мед во чајот.

Коприва за убавина и здравје

Масло од коприва: прави чуда за болестите како ревматизам, артритис и остеопороза. Исто така, се користи за брзо заздравување на гребаниците и изгорениците на кожа, а може да помогне дури и во случај на егзема и други кожни проблеми.

За да направите масло од коприва, наполнете ја теглата со свежи листови од млада коприва и прелејте ги со маслиново или кокосово масло. Затворете ја теглата, па оставете ја на место со сончева светлина. Секојдневно протресувајте ја, па оставете ја уште дваесетина дена да стои на сонце. Пред употреба, исцедете го маслото и намачкајте ја кожата.

Шампон за растење на косата

Копривата поттикнува растење на косата, па се препорачува да ставите масло од коприва во шампонот со кој ја миете косата.

Плакнење на косата

Алтернатива за шампон од коприва е едноставното плакнење на косата со чај од коприва. По обичното миење на косата со шампон, измијте ја косата со чај од коприва. Оваа постапка ќе и’ даде сјај и ќе го поттикне нејзиното растење, но и ќе ги нахрани влакната однатре.

Масло за масажа

За да ја ублажите болката, да ја нахраните кожата, да излечите кожни проблеми и да ги ублажите брчките, користете масло од коприва.

Пробајте го и овој домашен сок што ја прочистува крвта, лечи анемија и болести на бубрезите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.