Аларм дека нивото на витамин Д во вашето тело е премногу ниско: Се појавуваат овие симптоми!

Клучен витамин

Обрнете внимание на овие суптилни знаци

Витамин Д произведуваат клетките на кожата кога се изложени на светлина, што го прави поразличен од преостанатите витамини, кои обично треба да се внесат во организмот. Иако сонцето обично е најдобриот извор на витамин Д, не е секогаш лесно да се биде на сонце, поради изложеноста на ултравиолетово зрачење, како и поради ограничената дневна светлина во одредени делови на светот.

Способноста на телото за производство и апсорпција на витамин Д значително се намалува кај повозрасните луѓе во споредба со помладите. Особено за постарите луѓе со ограничена подвижност или здравствени состојби поради кои мораат да останат внатре, речиси невозможно е да добијат доволно витамин Д од сонцето.

Недостигот на витамин Д најсигурно се одредува со анализа на крвта, но може да се јават и овие симптоми:

Болки во коските

Витаминот Д го регулира метаболизмот на калциум и фосфат и важен е за одржување цврсти и силни коски. Тоа значи дека кога постои недостиг на витамин Д, може да се појават проблеми со целокупното здравје на коските, а тоа доведува до болки во коските и зглобовите.

Млитавост

Едно истражување на магазинот Western Journal of Medicine прикажува дека мускулната слабост сигурно е знак на недостиг од витамин Д, но може да биде и реверзибилно.

Умор и летаргија

Чувството на умор, па дури и летаргијата, можат да бидат знак на недостиг од витамин Д. Едно истражување објавено во северноамерикански магазин за медицински науки го проучило ова тврдење и утврдило дека 77,2% од пациентите со недостиг од витамин Д чувствувале замор. Кога нивото на витамин Д се нормализирало, симптомите на замор значително се подобриле.

Нерасположение и депресија

Истражувањата покажуваат дека постои интересна врска помеѓу недостигот од витамин Д и депресијата. Едно истражување објавено во Journal of Issues in Mental Health заклучува дека групите на кои им се заканува недостиг од витамин Д (постарите луѓе, адолесцентите, луѓето со прекумерна тежина и лицата со хронични болести) се истите групи кои се изложени на ризик од депресија. Ако се чувствувате нерасположено и немате објаснување за тоа, анализата на нивоата на витамин Д би можел да биде следниот корисен чекор.

Грчеви во мускулите

Заедно со чувството на слабост во мускулите, најверојатно ќе почувствувате и грчеви поради недостигот на витамин Д. Иако тоа е суптилен знак, грчевите во мускулите може да бидат еден од знаците.

Како да одржуваме доволно ниво на витамин Д кога поминуваме помалку време на сонце
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.