Како да одржуваме доволно ниво на витамин Д кога поминуваме помалку време на сонце

Сончевите зраци се главниот предуслов за производство на витамин Д во организмот, што покажува дека скоро половина од светската популација има премалку витамин Д, што е особено изразено кај луѓе кои живеат северно од 35-та паралела.

Истражувањата покажаа дека само пет до 30 минути на сонце на ден можат да бидат доволни за да се задоволат дневните потреби за витамин Д, но сега кога поради пандемија престојуваме претежно во затворен простор, треба да обрнеме внимание на неговиот внес со храна и разни додатоци .

Д-р Мајк Роизен од клиниката Кливленд објаснува дека витаминот Д сега е особено важен затоа што значително придонесува за зајакнување на имунитетот, а неговите вредности честопати се толку ниски во оние групи кои се најчувствителни на коронавирусот – постари лица и хронично болни.

– Научните студии покажаа поврзаност помеѓу ниската концентрација на витамин Д и инциденцата на неколку заразни болести, особено инфекции на горниот респираторен систем, но исто така и пневмонија, инфекции на ушите, хепатитис Б и Ц и ХИВ инфекција – рече д-р Роизен.

Студија на САД за здравјето и исхраната на нацијата откри дека додатоците на витамин Д ги земаат дури 37 проценти од населението во САД, а неговиот недоволен внес е поврзан со остеопороза, кардиоваскуларни болести, когнитивен пад, дијабетес и разни видови на рак.

Сите ние треба да јадеме што повеќе храна богата со витамин Д, без оглед колку време поминуваме на отворено. Ако сè уште имаме премалку од тоа во крвта, добро е да земаме додаток на витамин Д, особено во зимските месеци и за време на изолацијата.

Совети за поголем внес на витамин Д:

  • Поради омега-3, јадете мрсна риба најмалку два до три пати неделно – препорачува Американското здружение за срце за кардиоваскуларно здравје: лосос, туна и скуша имаат најмногу витамин Д
  • Пијте млеко богато со витамин Д
  • Јадете житни култури кои се збогатени со витамин Д
  • Јадете повеќе печурки бидејќи тие се одличен растителен извор на витамин Д.

Прочитајте и: За подобро здравје, сега и во иднина: 5 витамини кои се неопходни за секоја жена по 35-та година!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.