За подобро здравје, сега и во иднина: 5 витамини кои се неопходни за секоја жена по 35-та година!

Задолжително прочитајте

Фото: Getty Images

Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку жени имаат недостиг на витамини, минерали и елементи во траги

Ако сте во четвртата деценија од животот и сакате да се чувствувате добро сега и понатаму, внесете ги овие драгоцени хранливи состојки преку исхраната или како додаток (секогаш со согласност од лекар)…

Витамин Ц

Дали сте во состојба да „експлодирате“ и поради најмала причина? Можеби вашите хормони се виновни. Од 35-та година па натаму, функцијата на јајчниците почнува да опаѓа, што значи дека телото произведува помалку прогестерон – хормон што ви помага да останете мирни. За да го одржите високо нивото на прогестерон, ви треба витамин Ц. Би требало да земате 750 до 1000 мг дневно.

Магнезиум

Сигурно сте слушнале за луѓе кои страдале од грчеви во нозете, бидејќи им недостигало магнезиум, но дејството на овој метал е многу покомплицирано. За жените постари од 35 години важно е да имаат соодветно ниво на магнезиум, особено ако страдаат од ПМС, бидејќи неговиот недостиг предизвикува менструални грчеви, проблеми со спиењето и симптоми на анксиозност. Покрај тоа, магнезиумот е неопходен за лачење серотонин, хормон што го подобрува расположението. Количината што им е потребна на жените на оваа возраст е 200 до 400 мг дневно.

Витамин Д

Густината на коските кај жените го достигнува врвот на 30 години, а потоа почнува да опаѓа. За да одбегнете остеопороза по менопауза, ви треба не само калциум туку и витамин Д – витамин неопходен за апсорпција на калциум, кој им недостига на 25% од жените. Едноставна крвна анализа ќе ви покаже дали ја имате потребната количина. Ако имате семејна историја на остеопороза, разговарајте со вашиот лекар за земање додаток калциум и/или витамин Д. Алтернативно, дополнете ја исхраната со зелен зеленчук, сардини или храна богата со калциум.

Омега 3

Со оглед на тоа што не јадете риба секој ден, постои голема веројатност дека ќе ви треба додаток на исхраната со омега-3 масни киселини, кои помагаат во снижувањето на нивоата на кортизол во крвта и се борат против воспаленија што се извор на многу проблеми, стрес или депресија и кои особено се зголемуваат на возраст од 40 до 59 години. За да ги спречите, ви треба 2000 мг омега-3 дневно.

Селен

Жените имаат осум пати поголема веројатност да развија проблеми со тироидната жлезда од мажите, а овие шанси се зголемуваат со текот на годините, но и поради разни фактори, како што е бременост. Па така, ако наскоро полните 35 или повеќе години, добро е редовно да се прегледувате за да детектирате какви било проблеми со тироидната жлезда. Покрај тоа, истражувањата покажале дека внесувањето доволна количина на селен е од суштинска важност за спречување такви проблеми. Едноставен начин да ја добиете препорачаната дневна доза од 55 мцг е да јадете по 2-3 бразилски ореви 2-3 пати неделно.

Ги подобрува помнењето и концентрацијата, а не содржи холестерол: Која риба е најздрава?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.