Ги подобрува помнењето и концентрацијата, а не содржи холестерол: Која риба е најздрава?

Дознајте!

Што вели науката?

Рибата е еден од најважните производи кога станува збор за практикувањето здрава исхрана. Извор е на квалитетни протеини, здрави масти, многу витамини и минерали кои му се потребни на нашето тело. И иако нутриционистите препорачуваат во исхраната да се воведат разни видови риба (и речна и морска), научниците тврдат дека една од нив е најкорисна.

Почесното прво место ѝ припаднало на туната. Во оваа трка (иако со мала разлика), го преминала дури и главниот фаворит на сите љубители на здравиот начин на живот – лососот.

Туната е богат извор на висококвалитетни протеини. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини и телото совршено ја апсорбира. Протеините се главниот градежен материјал на нашето тело, и кардиоваскуларен и мускулноскелетен.

Туната содржи 21 г протеини на 100 г производ, што значи дека само една порција може да ви обезбеди речиси една третина од дневните потреби. Истовремено, туната не содржи воопшто јаглехидрати и практично не содржи масти (помалку од 1 г на 100 г), што ја прави идеален производ за оние што активно се занимаваат со спорт или едноставно внимаваат на калориите.

Покрај тоа, комплексот на витамини и минерали што се содржат во туната благотворно дејствуваат на функцијата на нервниот систем: го подобруваат помнењето и концентрацијата и значително ја зголемуваат ефикасноста.

Овој вид риба не содржи холестерол, а истовремено е богата со витамин Б, калиум и магнезиум, што ја прави особено добра за срцето. Витаминот Д, кој исто така го има во голема количина во туната, го подобрува сврзното ткиво и коските, помага во апсорпцијата на калциум, го забавува процесот на стареење, па дури и го стимулира производството на хормонот за среќа серотонинот.

Ново истражување покажа врска помеѓу побавното стареење и овој вид исхрана
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе