Познат психолог открива: Задоволете ги овие 5 брачни потреби и нема да треба да се плашите од развод или неверство!

Задолжително прочитајте

Американскиот истражувач и психолог Вилард Хадли спровел експеримент во кој учествувале повеќе од 800 парови

Овој истражувач дошол до заклучок дека кога во бракот се задоволени основните потреби и на мажот и на жената, тој брак многу подобро функционира и партнерите повеќе се почитуваат. Навел дека постојат 5 потреби и кај мажите и кај жените. Некои се разликуваат, а некои се слични.

Еве за што се работи…

Прва потреба

Кај жените тоа е потребата за нежност, а кај мажите потребата за интимност. Овие две потреби се тесно поврзани, но сепак многу различни. И двете треба да се задоволат за сопружниците да бидат среќни во заедничкиот живот.

Втора потреба

Кај жените тоа е потребата за разговор, а кај мажите подготвеноста за забава. На жената ѝ треба мажот да ѝ биде поддршка, затоа многу е важно да има добар и отворен разговор со него. На мажите им треба жена која нема само да седи дома, туку ќе биде заинтересирана да тргне со него во некоја непланирана авантура.

Трета потреба

Оваа потреба е иста и кај мажите и кај жените, а тоа е искреност. На партнерите им треба вистина, како во секојдневните работи, така и во итни случаи, како во малите работи, така и во големите. Искреност пред сѐ!

Четврта потреба

Удобност! И двата партнера треба да се чувствуваат пријатно во својот дом и во својата врска. Ако постои каква било ситница поради која не се чувствувате така, поработете на неа, во спротивно партнерот кој не се чувствува удобно, ќе го побара тоа на друго место.

Петта потреба

На жената ѝ треба нејзиниот маж да биде стабилна потпора, а на мажот му треба неговата жена да му се восхитува. Најважно е тоа дека треба искрено да му се восхитувате. Дури и ако станува збор за некоја ситница, важно е да му дадете до знаење дека тој е вашиот херој.

Вашата врска ќе трае подолго ако не ги правите овие 3 работи – ова се однесувањата што доведуваат до раскинување
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.