Трендовите доаѓаат и си одат, а тие се сѐ попопуларни: Чизмите што секоја жена ќе ги носи во 2021!

Топ-модел

Не можеме да ги игнорираме

Откако минатата година италијанската модна куќа „Прада“ лансира линија на чизми Monolith со нетипичен детаљ во знак на минијатурна чантичка, не престанува да им расте популарноста на овој и на сличните модели на модната сцена.

Популарно наречени bag boots, чизмите претставуваат хибрид на „борбените“ комбат чизми и чантичка со минијатурна големина. Иако станува збор за обувки кои на прв поглед изгледаат напорно за носење, всушност се неверојатно лежерни и практични.


Манијатурните чантички прицврстени за страната на чевлите лесно можат да послужат за чување пари, клучеви или кармин за усни.

По примерот на италијанската модна куќа „Прада“, која е главна и одговорна за трендот на чизмички со додаток чантичка, бројни улични брендови и самите одлучиле во својата понуда да го вклучат овој ефектен модел на чизми по пристојни цени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gitta Banko (@gittabanko)

Дали ви се допаѓаат?

Ова нема да се носи во 2021: Мора да ги исфрлите овие чевли од плакарот – тотално се демоде!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.