Кафе на празен стомак – не! Лошо е за метаболизмот

Истражување открива

Експертите советуваат кафето да не се консумира пред појадок, а еве и зошто …

Едно британско истражување покажа дека конзумирањето кафе на празен стомак може негативно да влијае на контролата на шеќерот во крвта и да го намали за 50 проценти.

На секое тело му треба малку повеќе време наутро за да „започне“ и затоа кафето на празен стомак не е пожелно ако сакаме да го одржиме нивото на шеќер во крвта во безбеден опсег за да го намалиме ризикот од состојби како што се дијабетес и срцеви заболувања .

Истражувачите од британскиот универзитет во Бат веруваат дека оваа нова информација за кафето може да има далекусежни здравствени последици.

Во своето истражување, научниците се обиделе да откријат колку лошиот сон и утринското кафе влијаат на метаболизмот. На него учествуваа 29 мажи и жени кои го поминаа експериментот.

Во текот на првата ноќ од студијата, испитаниците спиеле нормално и пиеле сладок пијалак наутро. Другата вечер, истражувачите го нарушуваа нивниот сон пет минути на секој час и по будењето повторно испија сладок пијалак.

За последниот тест, учесниците биле разбудени од испитувачи во текот на ноќта, но овој пат испиле силно, црно кафе половина час пред сладок пијалак. Слаткиот калоричен пијалак одговара на појадокот на просечен возрасен.

За време на секој од тестовите, истражувачите собрале примероци од крв за да го следат метаболизмот на учесниците.

Конечно, истражувањето покажа дека конзумирањето кафе пред појадок може негативно да влијае на контролата на шеќерот во крвта. Пиејќи кафе пред појадок, тоа го намали нивото на шеќер во крвта за 50 проценти.

Охрабрувачката вест е дека нема разлика во контролата на шеќерот помеѓу слабиот и нормалниот сон.

„Свесни сме дека скоро половина од нас ќе испијат кафе како прво нешто наутро. Ова истражување е важно затоа што досега знаеме малку за тоа што му прави кафето на нашето тело, особено кога станува збор за контрола на метаболизмот и шеќерот во крвта. Едноставно кажано, контролата на нивото на шеќер во крвта е ослабена ако прво пиеме кафе на празен стомак наутро, особено ако сте го нарушиле спиењето претходната ноќ. Спречете го ова со тоа што прво појадувате, а потоа пиете кафе“, рече професорот Џејмс Бетс од Универзитетот во Бат.

Прочитајте и: Исфрлете ги од исхраната што побрзо: Овие намирници можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.