Исфрлете ги од исхраната што побрзо: Овие намирници можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести!

Лекарите се сигурни

Овие намирници не се добри за срцето, а често се на нашата трпеза

Исхраната е многу важна за функционирањето на целиот организам, па затоа важно е внимателно да ги одбирате намирниците.

Одредена храна може да помогне во снижувањето холестерол и триглицериди, но и да го контролира крвниот притисок. Тоа се намирници богати со омега 3 масни киселини, калиум, калциум, магнезиум, влакна, фитонутриенти и антиоксиданси. За здравјето на срцето, лекарите препорачуваат медитеранска исхрана.

Истражувањата потврдиле дека исхраната што се базира на зеленчук, риба, житарки и ограничена количина на млечни масти, може значајно да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

Од друга страна, има и намирници кои не се пожелни според лекарите. Оваа исхрана исфрлете ја целосно или барем сведете ја на минимум доколку сакате да го намалите ризикот од болести на срцето…

1. Преработено месо

Оваа храна содржи голема количина на конзерванси кои неповолно влијаат врз срцето, но и врз другите органи.

2. Кечап

Можеби никогаш не сте помислиле на тоа, но и кечапот исто така содржи многу соли и треба да внимавате колку го внесувате ако имате проблеми со срцето.

3. Сол

Овој зачин многумина го користат во значително поголеми количини од препорачаните, а тоа го нарушува здравјето. Според препораките на Светската здравствена организација, возрасните не би смееле да консумираат повеќе од 2300 мг натриум на ден, што е околу едно лажиче сол.

4. Житарки полни со шеќери

Читајте што пишува на декларацијата, бидејќи житарките многу често содржат голема количина на шеќер, а тоа никако не е добро за здравјето.

5. Похувана и пржена храна

Храната пржена во масло никако не е добар избор доколку сакате да се чувствувате добро и да го сведете на минимум ризикот од кардиоваскуларни болести.

6. Бел леб и ориз

Многу подобар избор е лебот направен од цели зрна, како и интегралниот ориз.

Ги подобрува помнењето и концентрацијата, а не содржи холестерол: Која риба е најздрава?
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More