И Џенифер Лопез се колне во неговата моќ: Ако се користи на овој начин, маслиновото масло може да ги подобри кожата и косата

Моќен сојузник на добриот изглед

Еве што сè може маслиновото масло

Со што го одржува младешкиот изглед, со ботокс или со некоја друга естетска корекција, сите се прашуваат веќе со години, но Џенифер Лопез вели дека за нејзиниот младешки изглед заслужно е маслиновото масло.

Како што тврди, за моќта на маслиновото масло слушнала од мајка ѝ и баба ѝ, кои се негувале токму со оваа состојка. Познато е дека дури и Клеопатра го користела ова масло за нега на кожата и косата. И Софија Лорен ги припишувала младоликоста и совршениот тен на ова моќно масло.

Дали навистина е толку делотворно и моќно, откриваат експертите. Еве што велат дерматолозите за ова масло…

Маслиновото масло, како што покажале бројни истражувања, може да ја спречи прераната појава на знаци на стареење, но и да ги санира оштетувањата на кожата предизвикани од сончеви зраци. Тоа содржи антиоксиданси, кои се борат против оштетувањата што настануваат како последица од дејството на слободните радикали, но и состојка која се нарекува сквален и која има високо хидратантно дејство.

Ја спречува загубата на вода

Маслиновото масло ја одржува кожата хидрирана, па затоа таа изгледа посвежо и поздраво.

Ја прави кожата поотпорна

Доколку нанесете маслиново масло, штетните материи од опкружувањето нема да ѝ можат ништо. Ова масло ја зајакнува заштитната бариера на кожата и ги намалува иритациите.

Го спречува предвременото стареење

Маслиновото масло изобилува со витамини А, Д, К и Е, исто колку и со сквален, силен антиоксиданс кој штити од оксидација на осетливите масни киселини и од сушење, и е важна состојка на хидро-липидниот слој на кожата. Сите тие состојки заедно го намалуваат оксидативниот стрес на кожата, а тој е главниот виновник за предвременото стареење.

Има антибактериско дејство

Истражувањата покажале дека маслиновото масло има антибактериско дејство, па понекогаш може да се користи за лекување бактериски инфекции на кожата.

Како е најдобро да се користи ова масло?

За да ја спречите појавата на брчки, пред спиење нанесете на подрачјето околу очите или усните неколку капки маслиново масло.

Лицата со сува (но не и осетлива) кожа можат да користат маслиново масло како база за хидратантна маска. Измешајте го со состојки како што се белки, мед или овесна каша и оставете го 20 минути на кожата, па измијте го. Таквата маска ја смирува кожата, ја прави помека и ја хидрира.

Маслиновото масло може да се користи и за длабинска нега на косата. Сè што треба е да ставите поголема количина масло на врвовите и да преспиете така. Утредента измијте ја косата на вообичаениот начин.

Кој не смее да го користи ова масло?

Експертите се согласуваат дека маслиновото масло не е добар избор за лица склони на акни или за оние со затнати пори. Имено, масните киселини со кои изобилува маслиновото масло се храна токму за бактериите кои предизвикуваат акни и габички.

Мора да имате шишенце од ова масло дома: Ги брише брчките, ја обновува и најоштетената коса!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.