Го продолжуваме кето-предизвикот! 21 ден без шеќери и јаглехидрати: Еве што да јадете втората недела! (МЕНИ)

Начин на исхрана

Кето-диетата стекна голема популарност, бидејќи лесно е да се придржуваат правилата на оваа исхрана: богата е со масти, сиромашна со јаглехидрати и шеќери

Стигнавме до втората недела од предизвикот наречен кето-диета или 21 ден без јаглехидрати и шеќери.

Нашите искуства: Кризиравме третиот ден од диетата. Шеќер не ни недостигаш, но затоа страшно ни се јадеше леб, ориз и компир. Меѓутоа, издржавме и сега сме подготвени да влеземе во вториот круг на оваа диета.

Еве што да јадете наредните 7 дена:

Понеделник

Појадок: 2 варени јајца, парче фета сирење и зелена салата

Ручек: 1 печена пастрмка и варени брокули

Вечера: Салата од рендан целер измешан со урда.

Вторник

Појадок: Туна, зелена салата

Ручек: Печени пиперки и парче варено јунешко месо

Вечера: Салата од рендано цвекло, морков и јаболка.

Среда

Појадок: Кајгана од јајца и спанаќ

Ручек: Чорба со домати (кромид, целер, морков, домат) и парче сирење

Вечера: Пилешка салата

Четврток

Појадок: Кето-леб со плескавица (за лебот: 3 јајца, малку урда, малку сол, малку прашок за печиво. Изматете ги сите состојките и печете на 180 степени. Испржете ја плескавицата, па ставете ја во лебот)

Ручек: Салата од сланинка, малку брокула, сусам и сирење

Вечера: Чорба од зеленчук

Петок

Појадок: Грчка салата

Ручек: Пилешко бело месо и зеленчук по желба

Вечера: Печени пиперки со маслиново масло и урда

Сабота

Појадок: 2 варени јајца, малку сирење и сланина

Ручек: Печени филети од риба и зелка салата

Вечера: Цезар салата

Недела

Појадок: Омлет со печурки

Ручек: Гулаш од јунешко месо и печурки, салата по избор

Вечера: Сок од цвекло, морков, корен  од целер, компири и рдоква

Започнуваме кето-предизвик! 21 ден без шеќери и јаглехидрати: Еве што да јадете оваа недела! (МЕНИ)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.