Ако го забележите овој симптом, задолжително одете на лекар: Ова може да е првиот знак дека во телото се развива рак на јајчници

Слушајте го вашето тело

Раното откривање на рак на јајчници ги зголемува шансите за успешно излекување

Јајчниците се главен извор на естроген и прогестерон во женското тело. Кога ќе почне да се развива рак на јајчници, клетките почнуваат нагло да растат и доаѓа до нарушување на работата на овие хормони. Лекарите велат дека најтешко е да се пронајде оваа форма на канцер, па затоа важно е внимателно да се слуша телото.

Дуењето може да се јави како најран симптом на оваа форма на рак. Не е секое дуење опасно. На сите ни се случило да се чувствуваме подувано како последица на лоша храна или стрес и тоа е сосема нормална појава.

Би требало да посетиме лекар, само доколку дуењето не се намалува со денови. Дуењето на стомакот и ракот на јајчници се директно поврзани. Појавата на клетки на рак може да предизвика дуење, непријатно чувство и тврд стомак.

Покрај овој симптом, најчесто се јавува и нагло губење на тежината. Доколку ги забележите овие сигнали, најдобро би било да посетите лекар за да ја откриете вистинската причина за проблемите.

Кај рак на јајчници, дуењето е предизвикано од асцитес, Асцитесот претставува појава на слободна течност во перитонеалната празнина. Исто така, подуеноста се јавува кога ракот го блокира лимфниот систем, што доведува до насобирање течности.

Другите знаци и симптоми на рак на јајчници може да вклучуваат:

  • брзо се чувствувате сито кога јадете
  • губење тежината
  • болка во пределот на карлицата
  • лоша функција на дигестивниот тракт, појава на констипација
  • честа потреба за мокрење
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.