Зошто за дочекот на 2021 не треба да јадете месо: 8 фенг-шуи совети како да привлечете среќа во најлудата ноќ

Годината на биволот е пред нас

Оваа година не претерувајте со декорации на празничната трпеза, одлучете се за едноставност

За само два дена ќе и’ посакаме добредојде на новата 2021 година.

Иако оваа година ќе ја дочекаме во помало друштво одошто можеби сме навикнати, постојат многу силни причини зошто треба да ја пречекаме свечено, со среќа и надеж да биде значително подобра од претходната.

Со оглед на тоа што најлудата ноќ ќе ја дочекаме дома, особено внимание треба да обрнеме на новогодишната трпеза. Што треба да има на неа, а што никако не смее? Фенг-шуи ни открива.

1. Многу храна на масата

Ова е можеби најпознатата одлика на новогодишната трпеза. Се верува дека колку повеќе јадења има на празничната маса, толку повеќе среќа ќе има наредната година за целото семејство. Според кинеската астрологија, 2021 година е година на Биволот, па поради тоа дополнително треба да се погрижите на трпезата да се најдат обилни и раскошни порции.

2. Зеленчук и овошје

И овој совет се однесува на годината на Биволот. За да му угодиме на Биволот, наводно, треба да ставиме многу овошје и зеленчук на новогодишната трпеза, советуваат фенг-шуи експертите.

3. Риба и избор на месо

Што помалку месо тоа подобро, барем кога се работи за годинешната празнична трпеза, а по секоја цена би требало да одбегнувате јадења од говедско и телешко, повторно поради Биволот. Колбасите исто така не се пожелни за новогодишната трпеза.

4. Едноставни јадења

Колку помалку состојки содржи јадењето, тоа подобро. Биволот сака едноставност.

5. Компир и мешунки

Овие обожавани намирници на Биволот треба да се најдат на новогодишната трпеза. Користете ги како прилози или додајте ги во салати.

6. Житарки и ритуал за привлекување пари

Оризот, просото, јачменот можат да се користат како прилози, но ако не ги сакате, треба да ставите на маса барем една чинија со ориз. Не заборавајте во него да ставите неколку парички – ова е најпознатиот источен ритуал за привлекување пари.

7. Млечни производи

Павлаката и путерот треба да бидат состојки во новогодишните јадења. Не заборавајте и некое добро сирење.

8. Поставување на масата

Биволот не сака помпа и претерување. Подобро е да одберете неутрална, природна декорација за масата. Чаршафот нека биде бел, садовите едноставни. Салветите и декорот можат да бидат во беж или сребрена боја со металик детали. Свеќите се повеќе од пожелни на трпезата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.