Германските научници се убедени: Оваа билка може да ги излечи заболените од коронавирус?

Резултати од истражување

Оваа билка има неверојатни лековити својства, покажале истражувањата

Светот е во трка за пронаоѓање ефикасна вакцина против ковид-19. Овој вирус однесе милиони животи, а на оваа тема направени се многу истражувања за да им се помогне на заболените, а сега научниците од Институтот „Макс Планк“ во Потсдам тврдат дека слаткиот пелин може да биде од голема помош.

Неговите лековити својства навистина се неверојатни и многу се корисни во лекувањето на сите симптоми на коронавирус, тврдат тие.

Тие располагаат со резултати кои влеваат надеж за почеток на клинички испитувања. Екстрактите од сладок пелин се активни против САРС-КоВ-2. Листовите на билката сладок пелин (Artemisia annua) биле одгледува во Кентаки во САД, а најдобра антивирусна активност покажале при екстракција со чист етанол или дестилирана вода, но и со додавање кафе.

„Во текот на истражувањата извлековме чисти супстанции од билката и потоа ги поврзавме со вирусот, а резултатите што ги добивме ветуваат“, објаснува Питер Збергер од Институтот „Макс Планк“, кој заедно со хемичарот Кери Гилмор го започнал и го водел истражувањето.

Моќта на слаткиот пелин не изненадува, бидејќи токму оваа билка со децении се користи во народната, но и во современата медицина за лекување многу заболувања.

Повеќе од 20 години лекарите успешно ја применуваат лековитата состојка на билката артемисинин во борбата против маларија.

Ќе можеме да ја вдишеме вакцината за коронавирус наместо да ја добиеме со инјекција!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.