Неверојатна трансформација: Оваа девојка ослабела 55 килограми, а променила само една навика!

Се преполовила!

Денес никој не може да ја препознае – нејзината промена е неверојатна!

Ерика Луго е доказ дека возможно е да се направи драстична трансформација само со малку добра волја. Кога ѝ станало физички тешко да се игра со синот, конечно сфатила дека мора да преземе нешто. Во тој момент имала 146 килограми и голем број здравствени проблеми.

„Еден ден се разбудив со цврста волја да го променам својот изглед, да се доведам во ред и да ги изгубам вишокот килограми со кои се борам со години.“

Одлучила да ослаби придржувајќи се до едноставен план: се зачленила во вежбалница и се фокусирала на тоа да го намали бројот на внесени калории.

Кога почнала да ги забележува првите резултати, сфатила дека сѐ почнува од главата.

https://www.instagram.com/p/CEUivfmp8fH/?utm_source=ig_embed

„Најтешкиот тренинг е оној во главата, не со тренерот во вежбалница. Кога ќе почувствуваш страст и во мозокот и во срцето, тоа е знак дека си успеала. Луѓето мора да знаат дека ни болеста ни дебелината не ги дефинираат и дека се многу посилни одошто мислат“, вели Ерика.

„Со години држев диети по 2-3 месеци, но никогаш не успеав да ослабам олку. Сега го променив пристапот. Знаев дека ова ќе биде долго патување и дека резултатите нема да се видат по една недела. Најдов сила и мотивација во себе и тоа даде резултати. Диетите и тренинзите се ефективни единствено ако имате цврста волја да успеете.“

https://www.instagram.com/p/CFIEjkfpu_D/?utm_source=ig_embed

За само 12 месеци симнала 55 килограми, а нејзината цел е во текот на следните две години да постигне тежина од 68 килограми. Освен што успеала да изгуби килограми, таа успеала да започне и кариера како фитнес-инструкторка. Сега, таа со својот пример им помага на многу жени да стигнат до целта и да се чувствуваат подобро.

Не се сите вежби еднакво ефикасни. Пронајдете ги оние што му одговараат на вашето тело.

https://www.instagram.com/p/CFTL60vJWQy/?utm_source=ig_embed

Уште една заблуда што ја имала Ерика е таа дека може да се ослабе само со исцрпувачки кардио тренинзи. Меѓутоа, сфатила дека вежбите за сила и за обликување даваат подобри резултати. На тој начин калориите многу побрзо се согоруваат, а истовремено се обликуваат и мускулите.

„Секогаш им давам предност на вежбите со тегови наспроти на кардиовежбите. Може сѐ да се постигне и без преголемо исцрпување во вежбалница“, заклучува таа.

УСПЕАВ: Јована Трајковска ни раскажа сѐ за нејзината фитнес-трансформација
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.