Рецепт за здрава ужина: Полна со витамини и минерали, го намалува апетитот и желбата за благо!

Вкусно и здраво

Ако не знаете што да приготвите за ужина, имаме одличен предлог

Нутриционистите велат дека ужините се многу важно и дека во текот на денот треба да имаме вкупно две. Тие би требало да бидат лесни, но и богати со витамини и нутриенти што ќе ги спречат нападите на глад и ќе ве заситат.

Најдоброто решение во овој случај е кашестиот сок. Брзи се приготвува, ги содржи сите неопходни состојки, а можете да го понесете и на работа.

Најдовме рецепт за многу вкусен кашест сок кој ќе ви ја задоволи дневната потреба за благо и ќе ви ја даде потребната енергија.

Јогуртот и млекото ја задоволуваат дневната потреба за калциум, а спанаќот за витамин Б, додека бананите ќе ви обезбедат доволна количина на магнезиум.

Ќе ви бидат потребни следниве состојки:
  • 1/2 шолја јогурт (погустиот јогурт е подобар избор)
  • 1/2 замрзната банана
  • 1/4 авокадо
  • 1/2 шолја спанаќ
  • 1/2 шолја соино млеко (од чоколадо или ванила)
  • малку сирови бадеми
  • 1/2 шолја вода
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека добиете хомогена смеса. По желба, можете да изрендате и малку темно чоколадо.

Ова е најздравата ужина на светот: Го чува срцето, ја регулира работата на цревата и ги топи килограмите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.