Руска готвачка открива што користи за да го згусне јадењето без запршка: Оброкот ќе биде многу поздрав и повкусен!

Како да го згуснете јадењето без брашно?

Многу лесно можете да го згуснете јадењето, и тоа без грам брашно!

Нутриционистите сè повеќе истакнуваат дека би требало да се исфрли запршката од исхраната, како и дека би требало да се промени традиционалниот начин на приготвување храна, за да се искористи што повеќе од витамините и минералите во намирниците. Имено, според нив, балансираното мени е од пресудно значење за зајакнување на имунитетот.

Многу домаќинства кај нас користат нездрави начини на готвење јадења, кои ако се консумираат во големи количества, можат да ги загрозат здравјето и имунитетот, а еден од нив е запршката.

Кога приготвувате филови и сосови, веројатно досега сте користеле брашно за да се згуснат, но руската готвачка Јулија Архипова го прави тоа на поинаков начин.

Ако приготвувате фил за колачи и торти или сос, важно е да го приготвите како што треба, а тука можат да ви помогнат состојките што веќе ги имате дома. Руската готвачка, всушност, користи сенф во прав и желатин.

Ако се одлучите за сенф во прав, немојте да го користите за да згуснете сладок фил, туку само за сос. При крај, додајте сенф во прав или обичен сенф и добро промешајте. Освен што ќе ви се згусне сосот, вкусот ќе биде поубав.

Ако се одлучите за желатин, него можете да го користите и за сос и за фил. Желатинот исто се додава при крај, но многу малку, бидејќи ако додадете премногу, може да направите желе наместо сос.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.