Јелена Карлеуша вака ослабна 10 килограми: Пие три литри вода, а една намирница не сака ни да ја види!

Диетата на пејачката

Јелена Карлеуша се појави како специјална гостинка на неодамна одржаната ревија Vetements во рамките на Париската модна недела. Таа прошета на пистата во широки црвени панталони и едноставна светлосива маичка и ја покажа својата совршена фигура. Многумина се согласуваат дека музичката ѕвезда, која е мајка на две возрасни девојчиња, никогаш не изгледала подобро.

Јелена Карлеуша се пофали дека има совршена линија и минатата година, за време на објавувањето на албумите „Алфа“ и „Омега“. Тогаш откри дека благодарение на корегирана исхрана ослабнала десет килограми, кои во меѓувреме не ѝ се вратиле.

Мојата исхрана е без месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи. Јадам големо количество овошје, пред се’, а потоа зеленчук – открила пејачката.

Сепак, има уште неколку тајни за совршената фигура на Јелена. Секој ден пие три литри вода, презира слатки и никогаш не пробала кафе.

За појадок, пејачката јаде сирење со малку маснотии, овесна каша, интегрален леб и микс од овошје. За време на ужината јаде две јаболка или 300 грама цреши. Ручекот ѝ се базира на зеленчук, додека за вечера избира полесни оброци, како што е потаж од зеленчук или салата од тиквички.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.