Нордиска диета: Ги симнува килограмите и го штити целиот организам!

Ослабете без да се откажете од храната

Во оваа диета се дозволени речиси сите видови зеленчук и овошје, но акцентот е на боровинките и друго шумско овошје

Ако ви здодеале диетите засновани на медитеранска исхрана, не би било лошо да размислите да прејдете на нордиска исхрана.

Оваа диета е сè попопуларна, а веќе неколку истражувања потврдиле дека ваквиот режим на исхрана е одличен за симнување на вишокот килограми, но и за подобрување на здравјето.

Кога станува збор за здравјето, нордиското мени го регулира крвниот притисок и го снижува штетниот холестерол, а големо влијание има и на разните воспаленија поврзани со некои хронични болести, како што се рак, дијабетес тип 2, па дури и Алцхајмер.

Оваа диета ги дозволува речиси сите видови зеленчук и овошје, но акцентот е на боровинките и другото шумско овошје, јаболката, крушите и сливите, а од зеленчук се препорачува цвекло, морков, праз, тиква, компир и кромид. Многу е важно да јадете и јаткасти плодови во количина од една шака дневно.

Нордиската диета се заснова на секојдневна консумација на риба и морски плодови, а се препорачува да јадете месо еднаш неделно. Исто така, се препорачува консумација на млеко и јајца, но не повеќе од три пати неделно.

Брзата храна, соковите и другата преработена храна се забранети.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време