Ослободете се од шилец во петицата

Неколку едноставни упатства

Оваа непријатна појава умее да биде толку болна што многумина ја опишуваат како убод со нож во петицата. Олеснете си себеси следејќи неколку едноставни упатства.

Диета

Ублажете ги тегобите практикувајќи диета. Во текот на два месеца секојдневно вклучувајте ги во својата исхрана следните производи: суви кајсии и грозје, зелка и тиквички и пијте по 200 мл сок од тиква.

Правете „празен појадок“ од ориз: три лажици ориз потопете прекуноќ, наутро измијте го, ставете го да зоврие, истурете го одварот, прелејте го со чиста вода и варете го без сол додека биде готов. Изедете го наместо појадок и потоа не јадете ништо четири часа. Курата трае 30 дена.

Бања

По една лажица фиданки и иситнети зелени шишарки од бор и врес (лат. Calluna vulgaris) прелејте сo два литра вода, оставете го да зоврие, па варете го на тивок оган десет минута. Парете ги нозете во одварот половина час, долевајќи топла вода. Курата се состои од 12 процедури.

Облога

Црна ротквичка ќе ви помогне да се ослободите од воспалението и болката. Коренестиот плод се чисти, ситно се ренда и се става на болното место. Одозгора се прекрива со газа, се става завој и се обуваат топли чорапи. Облогата се остава да отстои цела ноќ. Курата подразбира од пет до седум процедури.

Апликација

За лекување шилци во петицата налето можете да користите свежа коприва. Листовите се собираат заедно со врвовите и се мелат на машини за месо или се ситнат во блендер. Добиената каша ставете ја на болниот предел, одозгора прекријте со газа и со лента и облечете чорапи. Апликацијата од коприва можете да ја носите 24 часа, а курата се состои од 14 процедури.

Листови

Свежи листови од чичка сомелете на машина за месо, додајте три капки рицинусово масло на лажица маса и тоа ставете го на болното место. Доколку е болката многу силна, тогаш во смесата можете да додадете содржина од една аптекарска ампула новокаин. Одозгора се ставаат газа и самолеплива фолија и се обуваат чорапи. Облогата се држи четири часа, или додека исчезне болката. Курата трае 14 дена.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.