Не фрлајте ги семките од лимонот! Еве зошто…

Ова овошје со задоволство го користиме во исхраната или во козметиката, и тоа главно неговиот мек дел.

Но дали знаете дека и семките од лимонот се исто така богати со етерични масла и витамин Ц, аминокиселини, па дури и со природна ацетилсалицилна киселина.

За отстранување болка. Од 13–15 крупни семки од свежи зрели лимони отстранете ја лушпата, јатките иситнете ги, исушете ги на сонце, изгмечете ги во аван или сомелете ги во мелница за кафе. Правот сипете го во шише со темно стакла и прелејте го со 100 мл вотка.

Протресете го неколкупати, оставете го на темно место да отстои од седум до десет дена, па исцедете го.

Во случај на главоболка, скокање на притисокот, промена на времето, зголемен умствен и емоционален напор, стрес, како и при запек земајте по една лажица 20–30 минути по јадења два-три пати дневно.

Или изедете половина лажиче сув прав и полејте го со 150 мл вода. Болката, по правило, исчезнува по 15 минути.

Проблематична кожа и акни. Мрсната кожа истријте ја со тинктура со вотка. Доколку кожата ви е сува, правот разблажете го со вода и во облик на маска нанесувајте го на проблематичните делови.

Габички на ноктите. Две лажици прав прелејте со литар вода. Правете топли бањи двапати дневно. По процедурата ноктите исушете ги и намачкајте ги со масло од чајно дрво.

Чистење од токсини и паразити. Пет-шест иситнети суви семки сварете во 100 мл вода или млеко. Исцедете го, па една недела пијте топол одвар трипати дневно, половина час пред јадење. Процедурата повторете ја по две недели.

Во паузата помеѓу курите јадете сурови семки од тиква.

! Контраиндикации: алергија, бременост и период на лактација, гастритис со зголемена киселина, чир на желудникот и дванаесетпрсното црево, синдром на нервозни црева, непроодност на гастроинтестиналниот тракт, варикозно проширување на вените, флебитис, атеросклеротични наслаги на ѕидовите на крвните садови.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.