Ви се потат нозете: Имаме спас за вас!

И тоа на природен начин!

Многу мажи, но и жени, имаат проблем со претерано потење на нозете. Направете бања во која ќе додадете одвар од дабова кора. На литар вода ставете 50–100 г дабова кора и варете на тивок оган триесет минути. Бањата практикувајте ја еднаш дневно, бидејќи се смета за едно од најдобрите народни средства против потење на нозете.

Секое утро нозете изобилно посипувајте ги со борна киселина во прав, особено пределот помеѓу прстите. Навечер измијте ги со топла вода. Во текот на првата недела од лекувањето секој ден мора да се облекуваат чисти чорапи. Непријатниот мирис ќе исчезне по две недели.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Unsplash

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.