Носењето на овие фризури ви ја уништува косата

Бидете внимателни

Многу експерти за убавина честопати истакнуваат дека не треба често да ја изложуваме косата на жештината од алатите за стилизирање бидејќи таа ја уништува. Но, што е со фризурите за кои не е потребна изложеност на топлина? Иако тие се убави и практични, овие три фризури не се најдобриот избор ако сакате да имате добро негувана коса.

Коњска опашка 

Една од омилените фризури за време на потоплите денови е одговорна за пукање на краевите на косата, а доколку секојдневно ја носите косата во коњска опашка, таа неизбежно ќе започне да попушта. Исто така, ако сакате барем делумно да ја намалите штетата, за повремено носење на оваа фризура, наместо класичен ластик за коса, користете го таканаречениот „invisibobble“.

Плетенка

Со цврстото затегнување на прамените за да ги задржите плетенките во место, вие нанесувате голема штета на косата. Имено, тоа ја влече косата од корените, а носењето на оваа фризура премногу често ќе резултира во пукање и прекршување на косата.

Сепак, лабавите плетенки како што се сега во мода не се забранети или толку штетни.

Пунџа

Иако ова е веројатно фризурата која најчесто ја носите, бидејќи е едноставна и елегантна, ваквиот вид врзување на косата ќе резултира во нејзино прекумерно опаѓање, а причината за тоа е преголемото затегнување. Исто така, спиењето со пунџа на главата има штетни последици по здравјето на вашата коса, затоа секогаш пуштете ја косата пред спиење и оставете ги скалпот и косата да се одморат.

Прочитајте и: Дали вашата коса прерано белее? Еве како да го спречите тоа

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.