Дали вашата коса прерано белее? Еве како да го спречите тоа

Корисни совети

Фото: Getty Images

За тоа кога на некој започнува да му белее косата најголемо влијание има генетиката, но и животниот стил – исхрана, стрес, здравје…

Тоа е природен процес што им се случува на сите луѓе како што стареат. Некои почнуваат да ги добиваат своите први бели влакна во своите 20-ти и 30-ти, додека некои само по нивните 50-ти.

До одреден степен, овој процес може да се запре или намали, пред се со помош на минерали и витамини, протеини, потоа со подобрување на циркулацијата и избегнување на стресот.

Косата почнува да белее кога телото престанува да произведува доволно меланин за да ѝ ја даде на косата својата боја. Меланинот се произведува од аминокиселинот тирозин, кој телото го произведува од протеини добиени од храна.

Прочитајте и: Ова се главните причини зошто вашата коса постојано се мрси

Клима и циркулација

Размислете за вашиот животен стил, здравјето, климата и климатските промени. Имено, повеќето од нас не се свесни дека климата во која живееме и климатските промени што се случуваат може да имаат многу големо влијание врз предвременото белеење на косата. Имено, времето влијае на циркулацијата во целото тело, вклучително и на скалпот, што може да има големо влијание врз здравјето на скалпот и косата, а со тоа и на снабдувањето со доволна количина на хранливи материи на скалпот.

За да ја подобрите циркулацијата во скалпот, треба да ја подобрите циркулацијата низ целото тело. Нема придобивка да земате дополнителни количини на витамини и минерали, да вежбате и да држите здрава диета, ако циркулацијата е толку лоша што сите потребни состојки нема да стигнат до скалпот или косата.

Решението може да биде многу едноставно, а тоа е редовно вежбање за стимулирање на циркулацијата. Друга работа е дневна масажа на скалпот со прстите, помеѓу пет и десет минути, што исто така треба да ја стимулира циркулацијата. Може да пробате и сауни за стимулирање на циркулацијата.

Витамини, минерали, протеини

Како што веќе споменавме, причината за предвремено белеење може да биде недостаток на витамини и минерали, што значи дека мора да вклучите хранливи материи во вашата диета што ќе му го дадат на вашето тело она што му недостасува. Се разбира, постојат витамини и минерали како додатоци во исхраната, кои можете да ги користите за пократок временски период, доколку на вашето тело му е потребна итна интервенција.

Сепак, еден од најдобрите извори на витамини и минерали што му се потребни на скалпот се алги или зелен зеленчук. Спирулината содржи големи количини на протеини, витамини, минерали и аминокиселини потребни за да се спречи предвремено белеење на косата.

Недостатокот на витамин е една од најважните причини зошто на луѓето под 40-годишна возраст почнува да им белее косата. Еден од најважните витамини е Б-12 чиј недостаток може да доведе до белеење на косата.

Недостаток на бакар и јод исто така може да биде една од причините. Внесувањето на протеините е важно за борба против предвремено белеење на косата, што многу луѓе често го запоставуваат. Аминокиселините се формираат од протеини и имаат различни функции во организмот, вклучително и здравјето на кожата и скалпот.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.