СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ: колку се ефикасни, а колку опасни

Домашни препарати за дезинфекција

Се покажало дека ако често користиме средства за чистење – габичките и микроорганизмите послабо реагираат на нив. Исто така познато е дека опасните бактерии стануваат отпорни на антибиотиците доколку тие се употребуваат често. Тоа нѐ доведува до заклучокот дека истото тоа се случува и со габичките во станот. Доколку антибактериските прашоци и гелови по некое време навистина не дејствуваат, со што да се заменат?

Сосема е точно дека тоа се случува и со габичките во нашите домови. Сите современи средства за чистење (не само антибактериските) содржат површински активни супстанции (сурфактанти), кои исто така ги уништуваат габичките и бактериите.

По чистењето со тие средства, поголемиот дел микроорганизми се уништуваат, но секогаш остануваат оние најотпорните. И колку е посилен препаратот, поотпорни се соевите. Како последица на тоа, тие мутираат и не реагираат на силните препарати, слободно се размножуваат и преминуваат во опасни патогени.

Освен тоа, површински активните супстанции и антибактериските додатоци што влегуваат во составот на средствата за чистење, со редовна употреба може да стигнат во нашиот организам и да имаат штетно дејство. Практично е невозможно да се исфрлат синтетичките компоненти, но може поретко да се користат или да се заменат со помалку токсични биоразградиливи површински активни супстанции.

ДОМАШНИ ПРЕПАРАТИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Алтернативни средства со површински активни супстанции и антибактериски компоненти може да се прават на база на природен сапун, сода бикарбона, водород пероксид (хидроген), оцет и лимонска киселина.

Антигабични својства исто така имаат брезовата и боровата смола, екстрактот од борови иглички, пупките од црна топола, кората од сремза. Неколку гранчиња еукалиптус, на пример, со влажно чистење и проветрување може да помогнат за чистење на собата од габички и штетни микроорганизми.

Што се однесува до борбата со вирусите – најдобар ефект имаат средствата со хлор, меѓутоа трудете се да ги почитувате дозата и правилата за разблажување со вода за да не си наштетите себеси и на своето семејство. Со овие средства можете да ги бришете подовите (плочките), само водете сметка да не дојдат во контакт со очите.

Од природните препарати за дезинфекција, најдобри се етеричните масла од чајно дрвце, темјан и врес (тој е особено добар антисептик).

Во шишенце со распрскувач во кое сте сипале половина литар превриена и изладена вода додајте од пет до седум капки етерично масло, на пример од врес. Со ова средство можете да ги дезинфицирате рацете, кваките, славините, масите, работните површини, кујнските елементи…

Текст: Ала Борисовна Киршена, лекарка

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.