Која вода да се пие кога нема амбалажирана?

Не е онака како што изгледа...

Додека сме во изолација, една од најважните ставки е пивката вода. Често не можеме да одиме до продавница да купиме амбалажирана, па се двоумиме каква вода да пиеме.

Превривањето на водата од чешма е еден од најефикасните начини на чистење од бактериите, но велат дека во таквата вода нема ништо корисно, дека е подобро да се пие филтрирана. Еве што мислат за тоа консултантите на специјализираното списание за здравје – „Руски доктор“.

Проточната вода, секако, не предизвикува сериозни заболувања, редовно се контролира, но се случува во неа низ цевките да стигнат ’рѓа и други штетни материи, а јасно е дека тоа не е здраво да се внесува во организмот.

Затоа многумина, одговарајќи на прашањето која вода е најдобро да се пие, без размислување велат – превриената!

Меѓутоа, во неа не останува речиси ништо корисно, а кислород има минимално. Имено, со загревањето на водата, на ѕидовите на чајникот или на тенџерето се создава седимент што навлегува во организмот и со текот на времето може да доведе до болести на бубрезите и на крвните садови.

Водата при вриењето се лишува и од корисните материи, како што се калциум, калиум и магнезиум, а нивниот дефицит влијае на работата на кардиоваскуларниот систем.

Што се однесува до водата што се филтрира во бокали – во неа се чуваат корисните материи, но тие не ја исполнуваат својата задача максимално доколку филтерот не се менува редовно. Во тој случај системот за чистење почнува да насобира бактерии, а водата станува штетна.

Многумина избираат амбалажирана вода. По мое мислење, тоа е одвишок фрлање пари, бидејќи исто така не ги исполнува секогаш сите норми. Минус ѝ е и амбалажата: пластиката не е добра, а ако притоа подолго стои на сонце или во топло – ефектот е уште полош.

Јас лично варам проточна вода претходно филтрирана, и тоа го правам само еднаш, многу кратко. Меѓутоа, како што наведовме, со греењето водата губи дел од корисноста, но носи помалку штета.

Водам сметка на чајникот и на бокалот да не се насоберат наслаги (тоа можете да го чистите со оцет). И не долевам веќе превриена вода во свежа, за да не ја вријам повторно.

Одговара: Сабина Николаевна Прудник, лекарка

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.