ЅВЕЗДЕНИ ВЕНЧАВКИ

Тајни локации, волшебни венчаници и холивудски гламур... Можеби токму познатите личности ќе ви дадат идеја за вашата венчавка од соништата!

Тајни локации, волшебни венчаници и холивудски гламур… Можеби токму познатите личности ќе ви дадат идеја за вашата венчавка од соништата!

 

Хилари Даф и Метју Кома. Двојката се венчала на приватна церемонија во својот дом во Лос Анџелес, во присуство на семејството и најблиските пријатели. Свадбата почнала на зајдисонце, во бел шатор во нивниот двор. Интимно и романтично!

Хајди Клум и Том Каулиц. Откако стапија во брак, во февруари 2019, супермоделката (46) и рокерот (29) направија свадба по вторпат на Капри, Италија, на луксузна јахта. Венчаницата на Хајди со цветни мотиви, предимензионирани ракави и долг вел го одзема здивот!

Двејн Џонсон и Лорен Хашијан. Познатиот актер се венча со својата долгогодишна девојка на плажа на Хаваи. Двејн носел бела кошула и бели панталони, а невестата блеснала во бела венчаница со тантела и сензуално деколте.

Џенифер Лоренс и Кук Марони

Актерката и сопственикот на њујоршка галерија се венчаа во вила на Роуд Ајленд пред 150 гости. Иако нема официјални фотографии од венчавката, се шушка дека невестата носела фустан на „Диор“, а на свадбата присуствувале Ема Стоун, Камерон Дијаз и други ексклузивни гости.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Оваа позната двојка направи луксузна свадба во огромен комплекс, со голем број познати личности. Невестата сменила неколку фустани на свадбата, но за самото чекорење до олтарот носела долг фустан и вел на кој биле извезени зборовите „додека смртта не нè раздели“.

Ели Голдинг и Каспар Џоплинг

Ели Голдинг се венча со својата долгогодишна љубов Каспар Џоплинг и приреди екстравагантна свадба во Јорк Минстер, која може да се спореди со кралска венчавка. Дел од гостите биле принцезата Беатрис, Кејти Пери и Орландо Блум.

Зои Кравиц и Карл Глусман 

Двојката се венчала во Париз, во тамошната куќа на таткото на Зои, Лени Кравиц, во присуство на многу пријатели и членови на семејството. Невестата личела на балерина, во бел фустан до глуждови, со елегантно венче и едноставни обетки.

 

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.