Мечтаете за венчавка на некоја необична дестинација? Кажете ДА во…

Ви претставуваме пет интересни и оригинални предлози… Следете ги!

… Индија – Свет чин во света земја

Веројатно никогаш не сте помислиле дека можете да се заколнете на вечна љубов на една од шесте раџастански тврдини, но ние сметаме дека нема подобро место за овој свет чин од светата земја Индија.

… Италија Најубави планини

Совршената глетка на Доломитите и неверојатната боја на небото, која се менува повеќепати во текот на денот, го прават ова место идеална заднина за вашите венчални фотографии.

… Амалфи Град на карпи
На северниот брег на Амалфи се протегаат колоритни градови. Чекорејќи по славната „Патека на боговите“, која води од Позитано до Праијано, можете да зачекорите во брак и да се заколнете на вечна љубов!

Шарени куќи заплеткани со илјада скали и со аркадни премини

… Франција Во подножјето на масивот

Фасцинантната природа и популарниот воз што ќе ве однесе до неверојатни предели се доволна причина да изговорите „да“ токму тука, во подножјето на Мон Блан.

Спој на традиционално и модерно

… Бразил Вистинска егзотика

Боси нозе, цвет во коса, мек песок што чкрипи под нозете, најубаво зајдисонце, вистинската личност покрај вас… Звучи доволно добро за токму тука да стапнете на лудиот камен?

Најубавата плажа Morro Dos Conventos

Текст: Тамара Богунова

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.