Почина братот на Шерон Стоун: Патрик имал срцев удар, актерката се прости од него! (ФОТО)

Тажно...

Фото: Getty Images

Братот на славната актерка Шерон Стоун, Патрик Стоун почина на 57 години. Канцеларијата на мртовечницата дала сооптшение за ТМЗ дека тој имал срцев удар.

Вдовицата на Патрик, Таша веста ја споделила и на социјалните мрежи…

„Како срцето да ми е откорнато од гради. Патрик замина за да биде со нашиот сладол Ривер… Не знам што би кажала друго, тој беше мојот свет“ – напишала таа.

Инаку, Ривер беше 11-месечниот син на Патрик и Таша, кој почина од откажување на органите во 2021 година.

По овој повод се огласи и Шерон Стоун, која на Инстаграм објави фотографија со братот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.