Шерон Стоун бара момче на Тиндер! Фаталната актерка сака да се заљуби оваа година! (ФОТО)

Ако сте сингл и барате дечко не сте сами, дури и неверојатната Шерон користи Тиндер...

Една од најпопуларните холивудски актерки Шерон Стоун со години важеше за една од најфаталните жени, а и денес на 65-годишна возраст успева да одржи линија на која можат да и позавидат и многу од помладите девојки.

Сепак, таа нема среќа во љубовта, па решила да отвори профил на Tиндер.

„Оваа година сакам да се заљубам 100 проценти, затоа сум на Тиндер“ – изјавила познатата Шерон за „Д Тајмс“.

Инаку, актерката шест години беше во брак со новинарот Фил Бронштајн,  добија син кој по долга битка за старателство отиде кај неговиот татко. По него Шерон три години беше во врска со продуцентот Мајкл Гринбург, а нивната љубов беше крунисана со свршувачка. Шерон на крајот му го врати прстенот по пошта.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.