Пет трикови за нега на руса коса!

Русата коса изгледа прекрасно, но најмногу бара кога е грижата во прашање...

Русата боја е најинтензива и најагресивна, па најмногу ја оштетува косата. Меѓутоа, со соодветна грижа, русата коса може да биде совршено здрава и убава.

Многу жени со руса коса често се соочуваат со проблемот на сува и оштетена коса, но со следните пет совети вашата коса ќе биде обновена и ќе изгледа убаво, здраво и блескаво.

1. Вистинскиот шампон

Најдобро би било да ја измиете косата со шампон специјално дизајниран за руса коса. Освен што ќе ја освежи бојата со секое миење, на косата ќе ѝ даде дополнителен сјај и мекост.

2. Маска за коса

Користете маска за коса најмалку двапати неделно, домашна или купена во продавница. Изгледот на вашата коса ќе се промени по само една недела.

3. Бојадисување

Не претерувајте со бојадисувањето бидејќи, како што споменавме на почетокот на текстот, русата боја е најсилна и најмногу ја суши косата. Секој месец бојадисувајте го само израстокот, а на секои четири – целата коса.

4. Регенератор

Ако имате проблем со раздвоени врвови и неуредна коса која треба премногу да ја чешлате, секојдневно нанесувајте регенератор или ставајте капки на врвовите.

5. Сјај

Кога имате руса коса, природниот сјај едвај се забележува. Затоа постојат спрејови за сјај на косата. Едноставно прскајте ја после секое миење и проблемот е решен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.