Како да изберете ресторан за венчавка – совети и предлози!

Да се избере место каде ќе се случи вашата свадбена прослава воопшто не е едноставно, иако  откако ја објавивте веридбата тоа не ви се чинеше така. Еве некои совети и предлог ресторани и хотели за Вашиот голем ден.

Резервирајте веднаш

Откако кажавте „Да“ почнете веднаш да размислувате која ќе биде локацијата каде ќе се случи прославата. Иако венчавката можеби е после шест месеци, по оваа тема не смеете да почекате ни момент. Сигурно досега сте присуствувале како гости на повеќе венчавки, а некоја свечена сала ви се допаднала и сте замислиле и вие да ја правите вашата на истото место. Време за чекање нема, распоредите на свадбените прослави се секогаш набиени, затоа не се разочарувајте ако оној што сте го замислиле е веќе резервиран за конкретниот датум.

Цена на мени и декорација

Сега најчесто рестораните имаат комплетна пакет понуда, која освен менито со јадење вклучува и други моменти како декорација, музика или торта. За да не ја трошите енергијата на повеќе страни, побарајте од одговорните целосен пакет на услуги, нормално доколку претходно некој ви го потврдил своето добро искуство. Ќе заштедите и време, а сигурно и пари бидејќи комплетните понуди секогаш излегуваат поекономични.

Простор за играње

Декорација одлична, амбиент беспрекорен, но мал простор за играње. Музиката и играњето ја прават свадбата да биде како што треба, затоа никогаш не се залажувајте со моментот дека просторот е прекрасен, разгледајте подобро и проценете дали вашите на вашите гости ќе им биде пријатно  додека играат.

Можност за промени

Секогаш ќе се појави ситуација кога некои гости нема да дојдат. Токму затоа преговарајте и за бројот на порциите за оние што нема да се појават на свеченоста. Најчесто во повеќето од рестораните нема да ви бидат наплатени до 15 порции, но секако доколку се договорите.

Светло

Можеби не размисливте за осветлувањето. Кога ќе ја разгледувате салата за прослава не го занемарувајте ни светлото. Доколку е слабо со сигурност треба да ангажирате дополнителна монтажа на светла.

 

Редакцијата на “Убавина и Здравје“  за вашата ѕвездена ноќ ви ги предлагаме следниве места…

 

РЕСТОРАН ДЕНИЦИЈА 

 

ХОТЕЛ “Александар Палас“

Хотел Мериот Скопје 

РЕСТОРАН ВЕЗИЛКА 

РЕСТОРАН ДАЛИА 

РАГУСА 360 

 

RAGUSA 919 

 

РЕСТОРАН ПАРК 

РЕСТОРАН РОЗЕНБЕРГ 

РЕСТОРАН КСАНТИКА 

 

РЕСТОРАН ЕКСКЛУЗИВ 

ПОВЕЌЕ ЗА СПЕЦИЈАЛОТ ЗА ВЕНЧАВКИ ВО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА МАГАЗИНОТ “УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ“ 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.