Свадбена прослава според астрологијата: Терезијата сонува за венчавка на егзотичен остров, овните сакаат венчавка со многу гости, а лавовите луксуз

Овен

Овенот сонува за отмена венчавка во главната општина, со многу гости и цвеќиња на свадбата, а родителите (од двете страни) седат на почесните места на главната маса заедно со младоженците. Иако сака свадби, Овенот сака и слобода, па затоа треба да му ја препуштите организацијата на свадбата, нарачката на бидермаерот, поканите и правењето на списокот на гости. Така ќе му овозможите и понатаму да одлучува за сѐ и да си докаже себеси дека ете, освоил уште еден терен – брачниот.

Бик

Кога Бикот ќе одлучи да стапи во брачните води, венчавањето мора да биде раскошно, и тоа од општината до ресторанот, со двојно повеќе храна и пијалаци одошто има гости, барем два музички бенда кои ќе се менуваат и торта на пет ката. Невестата мора да биде во венчаница припиена за телото, долга и бела во која ќе изгледа како сирена, весело ќе го фрла бидермаерот, со грбот свртена кон другарките, кои пак ѝ завидуваат на младоженецот во црно одело со дискретни пруги, бидејќи делува по малку опасно.

Близнаци

Само опуштено, без паника, сѐ е навреме закажано во матично и во црква, уште кумот (кој ги има бурмите) да му се јави на телефон бидејќи е недостапен. Впрочем има време, ќе му прати СМС, свадбата е дури на пладне, а потоа право на аеродром, бидејќи младенците одма после настанот продолжуваат на меден месец – крстарење по Медитеранот, што им е подарок од кумовите. Таму ќе има интимна прослава на нивниот брак – само тие двајца во некој италијански ресторан, со свеќи, вино и виолина на увце.

Рак

Ракот ќе избере свадба во родното место или на брег покрај вода. Тој испланирал сѐ со месеци однапред. Не сака никакви изненадувања, па сака точно да го знае распоредот на седење на гостите, дури и кои подароци ќе ги добие од блиските роднини. А тие се толку практични, особено оние од негова страна, бидејќи нема да им донесат дупликат. Младоженецот, освен со рузмарин на реверот на своето скапо одело, има и кума која внимава чашата на сите, а особено нему, да не им биде празна.

Лав

Простран ресторан со градина, бели столици со позлатени рачки, зелен тревник украсен со саксиски цвеќиња и бели балони, а на големата маса, егзотични цветни аранжмани, специјалитети од месо, тестенини подготвени на оригинален италијански начин и избрани пијалаци. Невестата носи едноставен фустан со деколте, украсен со дискретни сваровски кристали и чевли со високи потпетици. Гостите се на сите страни, има многу и од странство, а тек подароците…

Девица

Девицата, иако резервирана и рационална, фантазира за романтична свадба на која ќе се собере мешано друштво составено од нејзините и неговите роднини, пријателите и некои одбрани колеги. Не би се расфрлала непотребно со пари, но ништо не би недостасувало на шведската маса полна со салати, печени меса, црно, бело и розе вино, како и разни врски слатки, додека младоженците би се шетале помеѓу масите на гостите со чаши шампањ во рацете за да наздрават.

Терезија

Терезијата сонува за венчавка на егзотичен остров во Тихиот Океан, но во тој случај гости на свадбата би биле само локалните жители, а тоа веќе на терезијата не би ѝ одговарало, бидејќи нема да познава никој. Затоа таа ќе ја избере општината, црквата, дури и матичарот кој ќе дојде во ресторанот каде што ќе ги венча, а потоа заедно со гостите ќе остане на прославата. Таа носи едноставна венчаница од сатенска свила со деколте, и обетки кои ѝ прилегаат на нејзината романтична фризура, додека младоженецот изгледа како да излегол од некој моден машки магазин и успева да ги шармира сите гости.

Скорпија

Само најдоброто за Скорпијата, а тоа се однесува и на свадбите, изборот на ресторанот, гостите, црквата. Таа сака да се венча во општина, како што си е редот, а потоа да продолжи во црква, бидејќи сето тоа ќе му даде романтичен призвук на настанот. Голем број гости пристигнуваат на нејзината свадба, а таа е најсексапилна, дури и кога носи вел и долг фустан закопчан до грло. Тој е среќен што на својата свадба може да ги угости сите кои сакал да дојдат, па иако навратиле и некои непоканети, тој ги остава, ќе им кажува на другите на чија свадба бил.

Стрелец

Стрелецот сака свадба во градината на некоја стара градба или на езерски брег, на сончев ден, каде гостите ќе седат на бели столици со златни потпирачи покрај голема овална маса и ќе пеат до длабоко во ноќта. На трпезата има риба, еленско месо, црно вино и шампањ, но нема камера, ниту јако озвучување. Невестата носи венчаница од фина чипка со отворен грб, а околу вратот има дијамантски ѓердан додека стајлингот на младоженецот може да се опише како лежерно елегантен.

Јарец

Романтична венчавка од фантазиите, музика без силно озвучување, за да можат сите меѓусебно да се слушнат и да разговараат без да се надвикуваат со оркестарот. Меѓу гостите има добри пријатели кои веќе зазеле добри позиции во друштвото, тоа е она што го одликува Јарецот, воздржан и крут, но бескрајно сентиментален. Кога ќе пројде прославата, младенците ќе продолжат на меден месец на езеро или на море, можеби таму каде што се запознале и заљубиле додека биле во врска.

Водолија

На Водолијата нема да ѝ биде тешко да го изговори судбоносното „да“ пред матичарот, бидејќи смета дека во нејзиниот живот ништо нема да се промени, затоа што таа така сака. Сепак, венчавањето мора да биде гламурозно, ќе покани познати, успешни и угледни гости, максимално дотерани, а младоженците секако ќе бидат најубави, особено на фотографиите, а невестата ќе биде најубава на оние кои ги слика лично младоженецот. Избран е ресторан на добар глас, специјалитетите се врвни, а виното е старо колку Водолијата, чекало таа да се одлучи на брак.

Риби

Таа замислила романтично венчавање во ресторан среде езеро или на некој брод или на морско или речно пристаниште, а внатрешноста е осветлена и декорирана со сјајни украси и придушено осветлување. Нејзината венчаница е многу едноставна и многу женствена, неговото одело е во посветла боја, а списокот на гости младоженците го составувале заедно трудејќи се никој да не седи со некој во чие друштво не би се чувствувал добро.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.