Изберете венчаница од соништата: Вљубете се, кажете ДА! (ФОТО)

Блеснете на најважниот ден!

Ако љубовта тропнала на вашата врата, тогаш сè што ви треба е планирање на венчавката. Веруваме дека некои од нашите предлози ќе ви помогнат во изборот.

„Секоја година произведуваме нови модели, од кои секоја венчаница има своја уникатна приказна, пат на создавање и совршена хармонија.“

Врз основа на желбите на невестите, дизајнерката Нена Конели создава венчаници во кои девојките можат да ја најдат својата, идеалната, посебната, онаа која што ја сонуваат! Ова е еден од главните концепти на модното атеље Нена Конели – невестата да се направи вистинска кралица, луксузна и изненадувачки величествена, неверојатна и пријатна!

Дефинитивно може да се каже дека колекцијата пролет/лето е за невести што бараат волшебен и екстравагантен изглед и во исто време ја задржуваат невиност и романса кои секоја девојка треба да ги има на најубавиот ден од нејзиниот живот!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.