„Што сака пак сега оваа?“: Тијана Дапчевиќ откри што коментираат за нејзиното повторно учество за песна на Евровизија!

Пејачката се пошегуа на нејзина сметка...

Пејачката Тијана Дапчевиќ минатата година учестуваше во Србија на изборот за песна за Евровизија, а сега реши повторно да се пријави и да учествува на фестивалот.

„Сакам да се натпреварувам, сакам фестивали, фан сум на Евровизија. Познато е дека ја претставував Македонија пред девет години, а се натпреварував и на Беовизија во 2006 година на која се случи скандал“ се присетила Тијана, а потоа искрено прозборела и за коментарите кои ги добила на сметка на тоа што повторно ќе учествува во трката…

„Коментарите најчесто се: Што сака па сега оваа?!, обично во смисла оваа ветеранка, да не кажам полош израз. Звучи страшно, но покрај Филип Шмахер јас сум највозрасниот натпреварувач оваа година. Дали го гледавате овогодинешниот Санремо? Таму е сосема нормално да учествуваат големи и докажани имиња како Ана Оксе, тоа и така треба. А јас се прашувам што е со моите колеги познати на широката и домашна јавност, каде се тие на овие натпреварувања. После велат велат дека поп-музика умира, па како да не умре кога нема кој да се бори за неа, туку многу мислат само од денес за утре“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.