Најстресен период во бракот на Тијана и Милан Дапчевиќ: Веста дека сопругот ја изневерува им ја наруши брачната хармонија

Фото: Инстаграм

Бракот на Тијана и Милан Дапчевиќ преживеа и покрај некои непријатности…

Популарната пејачка Тијана Дапчевиќ е во брак со Милан Дапчевиќ повеќе од 20 години, а вотекот на двете децении љубов, доживеаја сериозни турбуленции.

Имено, како што на времето пренесуваа српските медиуми, Милан наводно бил фатен со една келнерка, а како што тогаш беше објавено, Тијана му го простила тоа и никогаш повеќе не зборувала на таа тема.

И токму кога помислила дека неволите се минато, во 2015 година се случи уште една брачна криза, а во јавноста се појави веста дека пејачката се разведува, како и дека се иселила од семејниот дом на неколку дена за да размисли за се’. Сепак, одлучила да го спаси бракот.

Таа тогаш изјави дека нејзиниот брак не е идеален, но дека љубовта што ја чувствуваат еден кон друг е посилна од се’. Тијана јавно му ја честиташе на сопругот 18-годишнината од бракот и по тој повод откри дотогаш непознати детали.

Мајка ми (многу пред да стане мајка) ја прочитала приказна на Ѓуро Јакшиќ за Тијана, која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана подоцна одлучи и мене така да ме викаат… Две школи, една академија и неколку „љубови“ подоцна, Милан го запознав на место каде што не ни знаев дека можам да бидам (кошаркрски натпревар), затоа што не поднесувам спорт. Оттогаш двајцата издржуваме се’. И оттогаш сите мисли ми почнуваат во множина… Среќна 18-годишнина љубов моја – напиша тогаш Тијана на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.