Таа е кралица на Евровизија, а нејзината песна носи посебна порака што ретко кој ја сфати: Еве што значат стиховите на Лорин!

Песна што ќе остане

Шведска освои најмногу гласови од публиката и победи на Евровизија 2023

Швеѓанката Лорин со убедлива победа, и тоа по вторпат, се запиша во историјата на изборот за песна на Евровизија. Уште кога ја претстави нумерата Tattoo и откри дека повторно ќе учествува на овој престижен натпревар, стиховите со молскавична брзина ја освоија публиката. Но ретко кој знае дека кријат важна порака…

Имено, Tattoo се однесува на помислата на разделба од партнерот, кога врската се распаѓа. Сè на сцената имало посебно значење, а токму сценографијата го отсликувала номадското потекло на Лорин.

„Јас сум од планина, па чувствував дека сакам да го создадам тоа природно опкружување. Прекрасните елементи, како што се камен, песок и небо и сите тие прекрасни нешта што понекогаш ги забораваме“, рекла победничката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOREEN (@loreenofficial)


Стиховите се пишувани токму за неа, а авторите се истите тие што ја напишале и Euphoria. А својот настап на годинешната Евровизија го опишала со една, но многу ефектна реченица.

„Euphoria беше заоѓање на сонцето и месечината, додека Tattoo е зазорување“.

Поминаа точно 11 години откако ѝ донесе победа на Шведска, маестрално изведувајќи ја „Еуфорија“, која со денови беше на врвот на сите светски топ-листи. Сега наградата повторно се најде во рацете на оваа пејачка со неверојатен глас, која со својот талент и храброст испиша нова музичка историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOREEN (@loreenofficial)

„Тетоважа“

Не сакам да си одам, но душо, и двајцата знаеме дека ова не е нашето време, време е да кажеме збогум, до повторно видување, бидејќи ова не е крај, ќе дојде денот кога ќе си го најдеме патот.

Виолини свират и ангели плачат, кога ѕвездите ќе се израмнат, ќе бидам тука.

Не, не ми е грижа за сите нив, бидејќи сè што сакам е да бидам сакана, и единственото важно нешто си ти, се залепи на мене како тетоважа.

Не, не ми е грижа за болката, ќе чекорам низ оган и низ дожд, само за да ти се приближам, се залепи на мене како тетоважа.

Ја пуштам својата коса, го прифаќам тоа кул, го имаш моето срце во твои раце, не губи го пријателе мој, тоа е сè што имам.

Виолини свират и ангели плачат, кога ѕвездите ќе се израмнат, ќе бидам тука.

Не, не ми е грижа за сите нив, бидејќи сè што сакам е да бидам сакана, и единственото важно нешто си ти, се залепи на мене како тетоважа.

Не, не ми е грижа за болката, ќе чекорам низ оган и низ дожд, само за да ти се приближам, се залепи на мене како тетоважа.

Се грижам само за љубовта! Единственото нешто за коешто се грижам е љубовта, се залепи на мене како тетоважа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.