Жена се омажила за крпена кукла, а сега бракот им виси на конец: „Ме изневери додека бев во болница со нашиот син“

Мислела дека е повлечен

Жена омажена за крпена кукла тврди дека сопругот ја изневерил и дека поради тоа, нивниот брак виси на конец

Мејривоне Роха Мораес од Бразил привлекла големо внимание кога се омажила за крпената кукла што ѝ ја сошила мајка ѝ. Како што вели, почувствувала дека тоа било љубов на прв поглед.

Имено, мајка ѝ направила крпена кукла по име Марсело, бидејќи Мејривоне била многу несреќна поради тоа што сите нејзини пријателки имале партнер, а таа била сингл и немала со кого да започне врска. Штом Марсело бил готов, знаела дека тој е „вистинскиот“.


Меѓутоа, излегло дека Марсело не е вистинскиот маж за неа, откако дознала дека ја изневерува. Нејзин пријател го видел Марсело како оди во хотел со друга жена.

Мејривоне тврди дека таа и Марсело сега спијат во одвоени соби, откако открила дека ја изневерил со друга жена. Својата приказна ја споделила со следбениците на ТикТок, а видеото брои повеќе од 1,6 милиони прегледи.

„Дознав преку пријатели кој ми кажа дека го видел Марсело како влегува во мотел со друга жена додека јас бев три ноќи и три дена во болница со Марселињо, нашиот син, кој имаше вирус. Прво мислев дека лаже, но потоа почнав да го пребарувам неговиот телефон и видов разговори, па бев сигурна дека ме изневерува. Сè негираше и ми велеше дека многу ме сака. Ми бараше прошка и многу плачеше. Кавгата беше ужасна и го исплашив нашиот син кој плачеше, па му викнав: ‘Гледаш ли што направи?’. Го прашав која е таа жена, но не ми одговори.“

@meirivonerocha a primeira noite no nosso casamento que discutimos e o meu esposo foi dormir no sofá,estou muito triste só com o tempo para perdoar mas o amor fala mais alto tenho que dar uma dura nele mesmo!#mulher ♬ Only Love Can Hurt Like This (Slowed Down Version) – Paloma Faith


Да се потсетиме, „двојката“ неодамна се венчала, а на церемонијата за венчавката присуствувале околу 250 гости. Набрзо добиле и дете, исто така крпена кукла.

„Тоа беше прекрасен ден за мене, многу важен, многу емотивен. Тој е маж каков што отсекогаш сум сакала во мојот живот. Брачниот живот со него е прекрасен. Не се караме и потполно ме разбира, многу е добар и верен сопруг. Поради него, сите жени ми завидуваат“, рекла таа во една пригода.


Со оглед на тоа што Марсело е само кукла, која не работи, Мејривоне тоа го гледа како единствениот проблем.

„Марсело има толку многу одлични квалитети, но мана му е тоа што е мрзелив. Воопшто не работи. Сепак, јас сум борец и работам за двајца“, објаснила таа.

По свадбата, младенците една недела поминале на меден месец во куќичка на плажа во Рио де Жанеиро, а набрзо му посакале добредојде и на своето дете. Имено, во мај Мејривоне со помош на медицинска сестра и доктор донела на свет бебе кое многу личи на татко му.

Што нема да чуете во денешно време…

Бодибилдер се оженил со кукла, па ја изневерил по првата брачна ноќ: Била на ремонт!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.