МЕГА ПОТЕГ: Меган Маркл и принцот Хари планираат голем НОВ ПРОЕКТ, еве за што се работи

За нивниот бренд да стане уште поглобален

Меган и Хари прават планови како развојот на технологијата би можел да им помогне да го развиваат својот бизнис.

Војвотката и војводата од Сасекс наводно се во преговори со една компанија за висока технологија да го развијат својот бизнис. Тие планираат да изградат свој виртуелен свет, наречен Метаверз, кој може да им донесе милиони нови обожаватели.

За што се работи?

Во прашање беше првата светска јавна „продажба на простори“ во виртуелниот мултиверзум, за кој многумина мислат дека би била иднината на Интернетот. Мултиверзумот е логична еволуција на Интернетот, тридимензионални простори каде што корисниците имаат интеракција како аватари.

Звучи интересно?

Многу познавачи од оваа област веруваат дека Метаверз ќе има широка примена во социјализацијата, настаните, гејмингот, шопингот, па дури и во работата. Ова нема да биде само една платформа, туку неколку онлајн-дестинации, кои ќе ги поддржуваат приспособливи аватари, и средства кои можете да ги преместувате од едно виртуелно место на друго.

По примерот, мрежата Фејсбук веќе го смени корпоративното име во Мета и планира да вложи 10 милијарди фунти за правење на новата платформа.

Фото: Getty Images

Хари и Меган ги следат во чекор технолошките новини, и се запознаа со Метаверзумот, како и Џастин Бибер и Парис Хилтон. Извор близок на парот, изјави за „Мирор“:

И Меган и Хари веруваат во големата можност за ширење на својата порака во светот, доколку бидат присутни во виртуелноста, како и во реалниот свет.

Исто така, се наведува и дека разговарале со научниците за овие области, и веруваат дека ова е чекор напред за нивниот бренд да стане уште поглобален.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.