Бодибилдер се оженил со кукла, па ја изневерил по првата брачна ноќ: Била на ремонт!

Бизарно

Верувале или не, во Казахстан живее човек кој се оженил со кукла во буквална смисла на зборот!

Не поминале ни четири месеци откако се венчал со својата сакана секс-кукла „Марго“ на прекрасна церемонија во нивниот роден Казахстан, а бодибилдерот Јуриј Толочко веќе ја изневерил.

Марго се скршила неколку дена пред Божиќ и била испратена на поправка (не можеме ни да си замислиме што ѝ направил Јуриј на нивниот меден месец), а во нејзино отсуство, Јуриј ја изневерил со некаков чуден сребрен предмет со испакнатини?

Јуриј под фотографијата на Инстаграм напишал: „Изгледа дека имам нова страст“ и им одговорил на следбениците што го прашале да ли ја изневерува својата жена:

„Можеби. Не можам да поднесам додека таа е во болница.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yuri Tolochko (@yurii_tolochko)


Дали Јуриј Толочко е човекот со најголемо либидо на светот?! Се венча со секс-кукла, ја крши за еден месец, па потоа ја „изневерува“ со предмети што случајно ги наоѓа по дома.

Да бидеме фер, не е дека има афера со друга секс-кукла, но сепак, ова не е идеален почеток на нивниот брачен живот. Особено ако го земеме предвид фактот дека да се биде оженет со секс-кукла најверојатно е најлесното нешто на светот. Имаш некој што никогаш не се расправа со тебе, никогаш не ти бара пари, те толерира кога си за никаде и кој е достапен секогаш кога ќе посакате. Најмалку што можел да направи е да се воздржи додека таа се врати дома, зар не?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yuri Tolochko (@yurii_tolochko)


Да се надеваме дека Јуриј и Марго ќе го вратат својот брак на вистинскиот пат по неговото неверство. Не би можеле да се справиме со колапс на уште една голема љубовна приказна, особено по веста за Ким и Канје!

„Имав инцест со шишките“, „Меланхолично сум монотона“: Најлудите лапсуси на познатите личности!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.