Боја што вели „ГЛЕДАЈ МЕ“! Холандската кралица не сака мирни бои, а ОВА ИЗДАНИЕ буквално ХИПНОТИЗИРА (ФОТО)

Невозможно е да не ја забележите во гужвата!

Кралицата Максима присуствуваше на пролетната конференција на холандското здружение за финансиска помош NVVK и уште еднаш докажа дека е една од жените кои ретко прават стилски грешки и секогаш оставаат впечаток.

Кралицата на Холандија рамо до рамо со Кејт Мидлтон и кралицата Летиција се вбројува меѓу најдобро облечените дами во Европа, но за разлика од нив, таа речиси секогаш избира впечатливи, светли бои.

Па така, оваа 50-годишна дама се одлучи за црвен фустан од штоф со миди-должина и А-крој, а оваа креација ја краси и рол-јака со интересни набори.

Максима фустанот го комплетира со дебел бордо ремен, кој ѝ ја истакна половината, а кожeните салонки и клач-чантата исто така беа во бордо боја.

Кралицата на целиот изглед му даде посебен печат одлучувајќи се за федора-шапка во виолетово-бордо нијанса, кој дефинитивно ја „разби“ оваа комбинација и ја направи уште попривлечна. А прекрасните дијамантски обетки во облик на цвет му дадоа на ова издание разигран, елегантен тон.

Дали ви се допаѓа оваа комбинација?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Maxima (@queenmaxima_fashion)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.