Рецепт за потаж од брокула: Чинија полна витамини!

Рецепт

Крем-потажот со брокула е едноставен, здрав и полн со витамини.

Брокулата ги содржи сите потребни витамини и минерали за здравјето на нашиот организам. Таа е одличен извор на витамини.

Има речиси 2,5 пати повеќе витамин Ц отколку цитрусите (портокал, лимон, грејфрут). Најдобро е да се јадат сурови брокулите и приготвени на пареа. Ако ја готвите, водете сметка времето на термичката обработка да биде кратко. Колку подолго ја варите брокулата, толку помалку вредни состојки ќе останат.

Состојки:

1 глава брокула

1 кромид

1 морков

1 компир

малку павлака за готвење

сол, бибер

Приготвување:

Кромидот, морковот и компирот исчистете ги и исечкајте ги. Ставете ги во лонецот и сварете ги. Пред крај на готвењето, додајте ја брокулата бидејќи за неа треба најмалку време да се обработи термички. Кога ќе омекне, изгмечете ги со стапчест миксер или префрлете ја смесата во блендер, па измиксајте ја.

Откако чорбата ќе стане крем, зачинете, додајте ја павлаката и гответе уште неколку минути, па тогаш сервирајте ја. Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.