Венчаница што откривала вишок килограми, расплакана невеста и прослава без гости: Што се случува со сестрите Кардашијан?

Верувале или не

Кортни Кардашијан (42) се омажила за Травис Баркер (45), сега и официјално и според протоколот, и тоа во Санта Барбара

По еуфоричната венчавка во Лас Вегас, Кортни Кардашијан и Травис Баркер го кажале судбоносното „да“ во мирно семејно опкружување. Кога велиме мирно, мислиме баш мирно. Имено, на граѓанската венчавка во Калифорнија, гости им биле само бабата Мери Џо и таткото на Баркер, Ренди!

Откако се венчале, ријалити ѕвездата и тапанарот заминале во старински црн кабриолет, со натписот „Штотуку венчани“ и отишле во ресторан, каде што продолжиле со прославата, но без децата и фамозните сестри Кардашијан!

„Мораа прво легално да се венчаат пред да приредат голема италијанска венчавка. На венчавката во Италија ќе присуствуваат сите нивни деца, како и остатокот од семејството“, изјавил извор близок на двојката.

Кортни за својата втора венчавка облекла кратка венчаница од модниот бренд „Долче и Габана“, додека преку црната коса ставила бел превез што го покривал нејзиното лице. Ултракратката венчаница ѝ ги откривала нозете во кадифени црвени салонки на високи потпетици.

На фустанот бил видлив потписот „Посветеност“, напишан кај срцето, додека Кортни носела и мрежести ракавици што достигнувале до рамениците.

Кортни претходно се жалела дека качила вишок килограми поради хормонските терапии, со желба да забремени. Меѓутоа, хормонските терапии ѝ предизвикале подранета менопауза, а со самото тоа и депресија.

Иако ја нашла љубовта на својот живот, таа е често нерасположена и на работ на солзи, што може да се види и по фотографиите од втората венчавка.

Се тркалале по под, камен-пијани: По фотографиите од венчавката многумина ја сожалуваат омилената Кардашијанка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.