Се тркалале по под, камен-пијани: По фотографиите од венчавката многумина ја сожалуваат омилената Кардашијанка!

Погледнете!

Кортни Кардашијан и Травис Баркер објавиле фотографии од тајната венчавка, а многумина ги искритикуваа јавно поради тоа што го покажале

Ако се прашувавте дали има крај на скандалозното однесување на Кортни Кардашијан и Травис Баркер, мора да ве разочараме.

Оваа двојка уште еднаш ни докажа на нивната венчавка дека навистина не ги интересира што мислат другите за нивната љубовна врска.

Меѓутоа, самата церемонија не е правно регулирана, бидејќи не можеле да добијат документи толку брзо, со оглед на тоа што одлучиле да го кажат судбоносното ДА во 1 и 45 часот наутро. Тоа не ги спречило добро да си поминат, а фотографиите го докажуваат тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Двојката, без сомнеж, е многу вљубена, но неверојатно е тоа што им е толку тешко да ја контролираат страста во јавност.

Меѓутоа, ова не им е првпат. Досега неколку пати во јавност имаат демонстрирано непристојни допири, без разлика дали се на плажа или нечија венчавка, а и на годинешното доделување „оскари“ исто така не можеле да се воздржат.

 

Кортни е првата членка на семејството Кардашијан што била поканета на самото доделување „оскари“, но тоа не било доволна причина за да ја скротат страста пред мноштво луѓе.

На доделувањето „греми“ биле малку попристојни, а потоа се упатиле во Лас Вегас, каде што размениле завети во капела. Единствениот услов им било тоа да ги венча Елвис. Со нив имало уште четворица луѓе кои цело време ја снимале „церемонијата“. Сопственикот на капелата потврдил дека двојката била видно пијана и не престанале да се бакнуваат и допираат ни кога пристигнале до олтарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

Кортни, во шоуто на Џими Фелон, потврдила дека сакале да се венчаат таа вечер, но тоа не било „правно возможно“. Истата вечер објавиле фотографии од „неофицијалната венчавка“.

Многумина ја осудуваат Кортни Кардашијан поради нејзиното непримерно однесување, бидејќи таа сепак е мајка на три деца, и сметаат дека е лош пример за ќерка ѝ Пенелопи. Кардашијанката ѝ дозволува на 9-годишната ќерка да ја менува бојата на косата, да се шминка и да носи потпетици. Според зборовите на дадилката и извори блиски на семејството, Пенелопи е многу разгалена и често ги напаѓа дадилките, што воопшто не ѝ пречи на нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)


Сега, по фотографиите од венчавката, многумина со прави се загрижено за тоа како ќе влијае ваквото однесување врз нејзините наследници. Иако имало и такви што ја поддржале нивната љубов, далеку погласни биле критичарите, на кои не им се допаѓа сето тоа.

„Секако, лажен брак како и сé друго на нив“, „Се однесуваат како 20-годишни младичи, без никакви обврски и одговорности, некој би помислил дека немаат деца“, „Очајната и поочајниот“, „Кортни беше мојот фаворит, но сега ми е жал за неа. Таа повеќе не знае што да прави со себе“, „Се однесува како бунтовна тинејџерка“, „Некој мора да ја освести оваа жена и да ја потсети дека има три деца дома“, се само некои од илјадниците коментари на социјалните мрежи.

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер кажаа „да“ … пред Елвис! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.