Кортни Кардашијан и Тревис Баркер кажаа „да“ … пред Елвис! (ФОТО)
Фотографии од тајната венчавка
Веруваме дека речиси никој не очекуваше дека облеката на Кортни Кардашијан на свадбата со Тревис Баркер ќе биде инспирирана од моторџиската естетика?
Ријалити-ѕвездата и популарниот тапанар одлучија да ја посетат капелата One Love Wedding во Лас Вегас по доделувањето на „греми-наградите“, а белата венчаница не им беше на видик.
Иако медиумите веќе неколку дена ја споменуваат познатата венчавка на ексцентричен пар во Вегас, младенците не се огласија – се’ до синоќа кога одлучија да споделат интересен албум од церемонијата со светот. Во многу необични стајлинзи, парот се завети на вечна љубов пред Елвис Присли.
Невестата носеше кожена моторџиска јакна од Сен Лоран, под која носеше винтиџ жолт корсет од Версаче, украсен со огромен крст со светкави циркони, додека младоженецот, исто така во кожена јакна, одлучи да ne носи ништо друго под јакната освен сребрени синџири околу вратот.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм